• Latest

Штрајкот на машиновозачите ставен во мирување!

June 7, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Штрајкот на машиновозачите ставен во мирување!

June 7, 2017 13:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Железничкиот сообраќај од ноќеска на полноќ е нормализиран, откако претставниците на машинскиот персонал на „Македонски железници – Транспорт“ постигнаа договор за поставените барања за зголемување на додатоците на плата и на коефициентите за сложеност на работни места.

„Штрајкот на машиновозачите засега е ставен во мирување. Се договоривме да ги разгледаме нивните барања и проблеми кои може да се надминат“, потврдија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, и вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев.

Сугарески и Анѓушев додадоа дека детално се анализира состојбата во „Македонски железници“ и дека очекуваат компанијата да работи профитабилно.

„Дел од барањата на машиновозачите се легитимни, ги разбравме нивните проблеми што ги имаат. Направивме длабоки разговори со нив, ги разбравме малку пошироко проблемите со кои се сретнуваат во своето работење во извршувањето на своите работни задачи. Мислам дека постигнавме солиден договор, не само сега, туку и во иднина, да имаме отворен разговор со сите синдикати, вклучително и со Синдикатот на машиновозачите, да ги решаваме и разбираме проблемите кои што ги имаат“, изјави вицепремиерот за економски прашања Анѓушев.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АнѓушевМакедонски железницимашиновозачиразговориСугаревскиШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result