• Latest

Седма годишна истражувачка конференција на НБРМ

April 6, 2018

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Во утринско обраќање во живо, Рама тврди дека е спречен напад со експлозивен дрон, најавува нови полициски интервенции и одбива оставка

October 18, 2026
Општина Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Цвет од мигдал

October 18, 2026
Patxi Beltzaitz, Berria, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Истрага како сирење

October 18, 2026
Полициска бруталност, Албанија, октомври 2026

Полициска бруталност во Албанија: Млади демонстранти тепани и приведувани, ЕУ бара истрага, ЦИВИЛ со директна порака до Еди Рама

October 17, 2026
Харкив, 17 октомври 2026 (ДСНС)

Домови, трговски центри и електрани во пламен – рускиот терор врз цивилите во Украина за време на „енергетското примирје“

October 17, 2026

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Седма годишна истражувачка конференција на НБРМ

April 6, 2018 08:09
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Народната банка на Република Македонија, следната недела, ќе ја организира седмата годишна истражувачка конференција, насловена „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“, која што ќе се одржи на 12 и 13 април, во Охрид.

Оваа конференција традиционално се одржува во знак на одбележување  на монетарното осамостојување на Република Македонија. Првиот конференциски ден е посветен на презентација на истражувачки материјали од централните банки и академските институции, а вториот ден е посветен на панел-дискусии за политиките на претставниците на високо ниво.

На конференцијата е најавено учество, покрај на гувернерот на НБРМ Димитар Богов и гувернерите на централните банки на Белгија Јан Сметс, на Хрватска Борис Вујичиќ, на Албанија Гент Сејко и на Косово Фехми Мехмети.

На првиот ден на Конференцијата ќе бидат презентирани истражувачки материјали на претставници на централните банки од Полска, Чешка, Индонезија, Австрија, Европската централна банка, како и на претставници од истакнати академски институции од Италија, Шведска и од Македонија. Дискусија за темите на истражувачките материјали ќе имаат претставниците на Лондонската школа за економија, Европската централна банка, Универзитетот од Орлеанс, Франција и од НБРМ. Во рамки на првиот работен ден ќе бидат разгледани повеќе теми, меѓу кои: реалната конвергенција на земјите од регионот, финансиската интеграција и двигателите на странските директни инвестиции, влијанието на нормализацијата на монетарната политика во развиените земји врз земјите од Централна и Источна Европа, отпорноста на кризи, банкарските ризици, капиталните барања за банките и пристапот до финансии во земјите од регионот. Во текот на првиот ден ќе биде доделена и Годишната награда за најдобар труд на млад истражувач од областа на макроекономијата и банкарството.

Вториот ден ќе започне со воведно предавање на гувернерот на Централната банка на Белгија, на основната тема на Конференцијата. Излагачи на првата панел-дискусија, предвидена за вториот ден на Конференцијата, се гувернерите на централните банки од Македонија, Белгија, Хрватска, Албанија и Косово. Темата на панел-дискусијата на гувернерите е новиот глобален циклус и нормализирањето на монетарната политика. Во втората панел-дискусија ќе учествуваат регионалниот резидентен претставник на ММФ за Централна и Источна Европа, директорот на Здружениот институт од Виена, заменик-директорот на Секторот за економија и политики на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) и вицегувернерот од Банката на Словенија. Темата на втората панел-дискусија ќе бидат капиталните текови – изгледите и ризиците на регионот.

На Конференцијата ќе учествуваат и претставници на повеќе централни банки од регионот, ЕУ и пошироко, како и од истакнати светски универзитети и меѓународни организации. Банките од Република Македонија и другите финансиски институции, како и државните институции, исто така ќе бидат присутни со свои претставници.

Оваа конференција претставува можност за размена на искуства со претставниците на пошироката меѓународна заедница за клучни прашања од областа на макроекономијата, монетарната политика и финансиската стабилност, како за претставниците на НБРМ, така и за домашните банки и другите финансиски институции.


Извор: МИА

Tags: конференцијамонетарна политикаНБРМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ