Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за здравство и Законодавно-правната комисија.
Членовите на Комисијата за здравство треба да ги разгледаат измените на Законот за комплементарна и алтернативна медицина, измените и дополнувањата на Законот за заштита од јонизирачко зрачење и радијациона сигурност, на Законот за санитарната и здравствената инспекција и на Законот за лековите и медицинските средства, сите во прво читање и поднесени од пратеници од владејачкото мнозинство.
Седници ќе одржи и Законодавно-правната комисија.
извор: МИА
Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.