Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за европски прашања, за шумарство, водостопанство и економски прашања.
Предло-законот за високо образование, во прво читање е на дневен ред на Комисијата за европски прашања.
На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените и дополнувањата на Законот за ловство и на Законот за рибарство и аквакултура, двата во прво читање.
Комисијата за економски прашања треба да расправа за Предлог-законот за финансиска поддршка на инвестиции и измените и дополнувањата на Законот за Државен пазарен инспекторат, двата во прво читање.
извор: МИА