За најавениот протест на ВМРО ДПМНЕ во среда, од СДСМ велат дека Христијан Мицкоски продолжува со деструктивното, незрело и неодговорно однесување на штета на граѓаните, државата и европската иднина.
„Протестите што денеска ги најави, се последните обиди на Мицкоски за спас на неговата фотелја во Белиот дворец.
Очаен и фрустриран од третиот последователен пораз од граѓаните, тој повторно ќе ги малтретира своите сопартијци по улиците како што тоа го правеше и претходно после секој пораз.
Денес за струјата глуми загриженост оној кој ја поскапи 100 отсто и ја укина евтината тарифа.
Мицкоски ќе протестира против правдата која доаѓа, но нема да успее да ја спречи, правда ќе има.
Христијан Мицкоски упорно не се откажува од определбата земјата да оди назад. Еве го, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред.
Мицкоски ќе протестира против борбата со Ковид 19, против повисоки плати, ќе протестира против европскиот пат и патот кој го избраа граѓаните, патот напред.
Граѓаните на овие фер и демократски избори му упатија јасна порака на поразениот Мицкоски, го оставија во опозиција.
Мицкоски нема поддршка од граѓаните и повторно нема да успее.
Поразениот од народот, не може да се повикува на народот.
Кога веќе ги најавува протестите, Мицкоски треба да каже и кој ќе му ја плати логистиката за нивно одржување. Орце Камчев или Никола Груевски? Или, математички прецизно ќе го сторат по принципот 50-50?“, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.