• Latest

СДСМ најавува 600 милиони евра за домашните компании и странските директни инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ поголема плата за 25 проценти

June 30, 2020
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

СДСМ најавува 600 милиони евра за домашните компании и странските директни инвестиции, ВМРО-ДПМНЕ поголема плата за 25 проценти

June 30, 2020 09:34
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Директна помош за компаниите и повисоки плати за вработените ветуваат партиите доколку победат на парламентарните избори. Лидерот на СДСМ Зоран Заев најави дека во следниот четиригодишен мандат вкупно 600 милиони евра ќе насочат кон домашните компании и странските директни инвестиции, 300 милиони ќе бидат директна буџетска поддршка, а 300 милиони евра од европските фондови, додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вети поголема плата за 25 проценти и поголема пензија за 20 проценти која ќе се нивелира по стариот закон два пати годишно.

Заев, кој е носител на листата на кандидати за пратеници на коалицијата „Можеме“ во Четвртата изборна единица нагласи дека Владата предводена од СДСМ ја подигна економијата, ги укинаа квотите за лековите, ја зголеми социјалната помош од 2.000 или 3.000 денари на 11.700 денари.

– Доделивме социјална пензија незнаејќи колку тоа ќе го чини буџетот, но знаевме дека имаме граѓани кои животот го дале работејќи за државата, а сега немаат да си ги платат сметките, рече Заев.

Тој зборуваше за покачувањето на платите за 21 отсто на просветните работници, за 31 отсто на негувателките, за наоѓањето на 1,5 милијарди денари за покачување на платите за 40 отсто, за капитацијата на матичните доктори за 15 отсто, на медицинските сестри за 25 отсто, за зголемувањето на пензиите за 1.740 денари за две и пол години.

– Следува четврт пакет на мерки за поддршка во кој сите пензионери со пензија под 15.000 денари ќе добијат државна платежна картичка и ваучер. Сите невработени, пасивни баратели на работа ќе добијат следен пакет на државна платежна картичка, сите неевидентирани невработени, најсиромашните граѓани ќе добијат државна платежна картичка за да ги потрошат парите, да решат некој проблем дома но и да поддржат и туризам и угостителство и да купуваат домашни производи и услуги, додаде Заев.

Лидерот на најголемата опозициска партија Мицкоски вети 1.000 километри реконструирани патишта, субвенции за фасади, како и бесплатен приклучок на гас за почист воздух, четири милијарди евра домашни и странски инвестиции.

Тој рече дека невработеноста ќе биде под 10 проценти и ќе има најнизок данок од осум проценти, како и нула проценти данок за работодавците кои ќе вработат млади лица.

– Го укинуваме прогресивниот се враќаме на стариот рамен данок, а од оние три денари акциза кои ви ги земаат за да си ги делат преку сомнителни тендери, ќе ги поделиме и ќе ги вратиме назад кон народот, рече Мицкоски.

Тој вети од овие средства по 800 милиони денари за спортот, културата, образованието или вкупно 2, 4 милијарди денари за овие сектори, а за земјоделците 640 милиони евра и загарантиран откуп.

Претседателот на Демократската партија на Албанците Мендух Тачи пак порача дека лесно е да се избере ДПА на изборите.

– Овие избори се важни, тоа е војна за слобода без оружје за рамноправност. Излезете од дома, понесете маска и пенкало, одете на избирачко место. Заокружете број 1 Мендух Тачи, Господ помогна да бидеме први на листата, истакна Тачи.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села истакна дека државата досега била еднострана, така што, според него, време е да се создаде држава за сите, каде што сите ќе се чувствуваат еднакви.

– Ние се соочуваме со ситуација што доаѓа еднаш на четири години и затоа треба да се зборува за тоа. Има многу партиски функционери кои доаѓаат и се обидуваат да ја загрозат политичката волја на граѓаните, волјата што тие сакаат да ја изразат. Денот на гласањето е ваша симболика, тие „пет минути“ кога чекориш кон гласачката кутија. Во седум часот наутро, лидерите на партиите, да немате дилеми, не вредат ни нула. Бидејќи политичката моќ се мери во девет часот навечер и ние ќе бидеме толку силни колку вие ќе ни дадете политичка моќ, еден по еден со еден глас, истакна Села, претставувајќи ги целите на програмата „Држава за сите“ на коалицијата „Сега е време“.

Повика исто така да не биде исклучен ниту еден Албанец, туку сите заедно да разговараат меѓусебно за политичката понуда што ја нудат Алијансата за Албанците и Алтернатива.

Кандидатот за премиер промовиран од ДУИ, Насер Зибери смета дека предрасудата дека Албанец како приоритет ќе ги има правата на Албанците е дежавуирана теза, бидејќи, како што вели, многу од тие прашања се апсорбирани.

-Јас сум сведок дека многу од прашањата кои ние тогаш ги покренувавме сега веќе се апсорбирани. И оттука предрасудата дека Албанец може како приоритет во примената на политиката да ги има правата на Албанците е дезавуирана теза, бидејќи многу, да не речам 99 отсто од тие прашања, се апсорбирани. На нас ни треба, да, Албанец, но не Албанец кој ќе се грижи само за Албанците, туку, пред сè, за земјата, пред сè, за државата зошто ако тезата е обратна, со право македонскиот граѓанин, значи од македонскиот народ, од македонскиот етникум може да има не само резерва, туку и одбојност кон таквата идеја, вели Зибери.

Тој истакнува дека идејата е да се наметнеме и докажеме и пред светот и внатре, дека сме способни без оглед на припадноста, успешно без конфликти да ја водиме земјата, да ги надминеме овие поларизации и да се сплотиме во едно.

-Не да го губиме идентитетот како политички субјекти, па ако сакате и како етникуми, туку да се сплотиме во државниот интерес кој треба да биде над сите останати што ги спомнуваме до сега. Ако ова ни е водилката во градењето на политиката, мислам дека е правата насока. Мислам дека и Албанците треба да го прифатат, како што треба да го прифати и секој граѓанин и секој Македонец и секој Србин, Турчин, Влав, Ром, Бошњак итн, истакнува Зибери.

Партиите денеска продолжуваат со претставување на нивната програма пред граѓаните.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ