Со последните одлуки на Извршниот одбор, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија утврди нови, дополнителни кандидати за градоначалници во 18 општини со кои ќе ја бара довербата на граѓаните на претстојните локалните избори. На денешната прес конференција објавени беа 17 од нив, додека кандидатот за градоначалник на Кочани ќе биде објавен во следните денови, изјави министерот и генерален секретар на партијата Љупчо Николовски.
Во Куманово кандидат за градоначалник ќе биде Оливер Илиевски, секретар на општинската организација на СДСМ, во општина Центар кандидат е актуелниот директор на Државниот завод за индустриска сопственост Горан Герасимовски , во Ѓорче Петров за втор мандат ќе се бори Александар Наумовски, во една од најголемите општини, Битола, кандиадат е Христо Кондовски, за втор мандат ќе се кандидира и актуелната градоначалничка на Крива Паланка Соња Стаменкова. За Шуто Оризари кандидат е Асан Ферат, за Кривогаштани предложен е Николче Мисовски, Димче Шипинковски е кандидатот на СДСМ за Струга, во Гевгелија довербата на граѓаните за уште еден мандат ќе ја бара актуелниот градоначалник Сашко Поцков, кандидат за Дебарца е Игор Крцовски, а во Чучер Сандево Сашко Комненовиќ. Актуелниот градоначалник, Живко Силјановски е кандидат на СДСМ за Македонски Брод , а како кандидат за градоначалник на Долнени предложен е Аднан Џаферовски. Шемси Мамути ќе биде кандидатот за Врапчиште, во Радовиш СДСМ ќе настапи со Коле Чаракчиев, во Крива Паланка со кандидатот Сашко Митовски и кандидат за градоначалник на Струмица е актуелниот пратеник и портпарол на партијата Костадин Костадинов.
Досега СДСМ објави вкупно 69 кандидати за градоначалници, една третина од нив се нови лица.
Во преостанатите општини СДСМ ќе ги поддржи кандидатите на коалициските партнери со кои договоривме заеднички настап и взаемна поддршка. Во Гостивар, во Дебар, Чаир, Сарај, Липково, Пласница, Боговиње ,СДСМ нема да истакне кандидати за градоначалници, но советнички листи СДСМ ќе има во сите општини,