• Latest

СДСМ обвинува: Среде пожари, два месеца по завршување на огласот, 400 пожарникари оставени без плата

September 19, 2025

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

СДСМ обвинува: Среде пожари, два месеца по завршување на огласот, 400 пожарникари оставени без плата

September 19, 2025 14:02
in ВЕСТИ, НЕПОГОДИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска, како што велат, открива нов скандал обвинувајќи ја Владата дека повеќе од 400 пожарникари, ангажирани преку општините со месечен надоместок од 24 илјади денари, два месеца по завршување на огласот сè уште не добиле ниту една плата.

Според Кузеска, неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ освен што не успеа да се справи со пожарите сите активности ги сведе на лажен ПР и манипулации.

Според информациите кои до СДСМ ги доставиле свиркачи сите тие 400 млади луѓе што беа примени во август заклучно со 17 септември сè уште немаат земено ниту една плата!

Извори во различни општини информираат дека исплатата е блокирана и не може да се реализира поради изборите, бидејќи станува збор за „вонредно плаќање“.

Кузеска го повика премиерот Христијан Мицкоски да одговори дали овие информации се точни и кој ќе ја преземе одговорноста.

Ако е се потврди, ова значи дека владата на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги излажала граѓаните, свесно ги излажала овие млади луѓе.

Ги искористила за политичка реклама, а потоа ги оставила без денар. А граѓаните без потребната заштита.

Срамно и понижувачко, изјави Кузевска.

Портпаролката на СДСМ истакна дека, наместо во време на пожари и еколошки катастрофи да се  зајакнува системот за заштита и спасување, добивме евтин ПР.

Изгоре 20 отсто од територијата, депониите се палат, граѓаните се гушат. Кој ќе одговара за оваа катастрофа?“ прашува Кузеска.

За потсетување,  во јули владата распиша конкурс, на кој се пријавија повеќе од 500 лица, од кои најмалку во Скопје, иако за главниот град се бараа 80 пожарникари. Конкурсот беше продолжен уште пет дена, затоа што дел од заинтересираните не биле пријавени во Агенцијата за вработување како активни баратели за работа, што беше услов, за ова вработување.

По реакциите во јавноста дека ветената плата е многу мала за младите да го стават својот живот во опасност, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов тогаш уверуваше дека тоа е само почетно, за сега, по два месеци, пријавените пожарникари да останат и без тој минимален износ.

М. Д.

Tags: два месеци без платапожарникариСДСМСтојанче АнгеловЦУК
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ