СДСМ го поздравува тоа што претседателот Стево Пендаровски цврсто стои зад политиките кои значат европски вредности дома, кои го јакнат стратешкото партнерство со САД и водат до полноправно членство во ЕУ. Одговорност на сите пратеници е да се направи и последниот исчекор – уставните измени. Не смееме да дозволиме самите да се блокираме, туку целосно да го заокружиме процесот до полноправно членство во Унијата, изјави денеска пратеничката од редовите на СДСМ Даниела Колева.
Колева повика на обединување на сите општествени и политички чинители околу европскиот пат на земјата.
– На оваа линија ги цениме и апелите на претседателот Пендаровски. Претседателот Пендаровски го потенцираше значењето на почетокот на преговорите со ЕУ што се случи оваа година по државничките одлуки на премиерот Ковачевски, коалициската влада и мнозинството во собранието. После 17 години стоење во место конечно започнавме преговори со ЕУ, скринингот е во тек. Започнавме преговори со заштитен македонски јазик и идентитет. Потврда за тоа е потпишувањето на договорот ФРОНТЕКС, рече Колева, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ „хистерично ширеа лаги и невистини за наводна асимилација и бугаризација кои паднаа во вода“.
Блокадите на опозицијата во Собранието, но и надвор од него, како што нагласи, конечно треба да запрат. – Тие се неодговорни и на штети на граѓаните и државата, рече Колева