СДСМ истакна дека ја продолжува битката за победа во уште 17 општини, повикувајќи ги граѓаните масовно да излезат и да гласаат во вториот изборен круг за, како што велат, „докажани и чесни кандидати кои веќе во првиот круг покажаа дека имаат што да понудат“.
„ВМРО-ДПМНЕ не може да го скрие падот, бројките се јасни и немилосрдни. Анализата на пратенички места според освоените гласови покажува дека ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници, а СДСМ најмалку 21“, се наведува во партиското соопштение.
Од СДСМ додаваат дека „очајните обиди за манипулација од страна на опозицијата се резултат на шокот од падот од преку 140.000 гласа“, што, според нив, е јасен сигнал дека граѓаните ги препознале лагите и погрешните политики на ВМРО-ДПМНЕ.
фото: архива