• Latest

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025

Илјадници Израелци во Тел Авив повикаа да се стави крај на војната во Газа и да се ослободат заложниците

August 10, 2025

Протестот во Кочани пред полицијата: „Вие сте виновни за смртта на нашите деца“

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025 12:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, бараме итно Обвинителството да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски, изјави на прес-конференција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ – СДСМ, стои во соопштението на СДСМ.

Скандалот со злоупотребата на полицијата за партиски цели во Демир Хисар јасно потврдува дека ВМРО-ДПМНЕ не бира средства за да ги заплашува граѓаните пред изборите. Но, времето кога некој се плашеше од ваквиот кукавичлук на ДПМНЕ е одамна минато.

Граѓаните масовно се спротивставија на ова насилство на полицијата и застанаа на страната на правдата во овој случај на полициска злоупотреба за партиски цели.

Откако Обвинителството вчера јасно потврди дека немало наредба ниту налог за приведување на директорката, денес бараме итно Обвинителството да покрене постапка за кривична одговорност на партискиот послушник – началникот Роберт Мартиновски.

Мартиновски, човек на Тошковски и поставен уште од првиот ден на неговото доаѓање на министерската функција, е очигледно ударната тупаница на ДПМНЕ за заплашување на граѓаните и малтретирање пред избори.

Обвинителството не смее да молчи – постапка мора да се покрене веднаш. Согласно законот, кривично мора да одговара Мартиновски, без никаква дилема!

Понатаму, инспекторот Ѓорѓи Митревски, кој бил унапреден истиот ден кога се случил настанот, наместо да раководи со претресот, му дозволил на Мартиновски да го преземе водењето. Прашуваме – по чиј налог? Дали по налог на некој близок до Тошковски за да се врши терор?

Што уште треба да се случи за Тошковски да понесе одговорност за распадот и злоупотребите што ги прави полицијата?

Дали со тоа потврдува дека овој случај е под негов диктат? Дали ќе се огради директно од Мартиновски и ќе покрене кривична постапка против својот началник? Нели велеше дека „брат да му е’ ќе одговара?

Тошковски демонстрира сила врз жена директорка која е болна, што е потврдено од лекар, но ги брани насилниците и криминалците поврзани со ВЛЕН кои вршат насилство во Чаир врз државни службеници.

Тошковски наредува да се апси жена без налог, но истовремено нема проблем да шетаат слободно познати криминалци како Ѓаволот, баран со потерница.

Тошковски и Мицкоски мижат пред криминалот на ВЛЕН тежок 225 милиони евра, молчат за десетици скандали со местени тендери, ама немаат проблем за предизборни партиски цели да малтретираат болна жена за да ја сменат. Ова е дефиниција за политички кукавичлук и грозен пример на политичко насилство.

Тошковски не донесе ништо друго освен селективност, неправда и полиција во заштита на криминалот и партијата.

СДСМ бара:

• Панче Тошковски да не го забошотува случајот со внатрешна контрола и да не ја замајува јавноста.

• Началникот Мартиновски веднаш да биде разрешен, а МВР да му поднесе кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

• Основното јавно обвинителство во Битола мора да реагира, да ги истражи сите аспекти на незаконското постапување на полицијата и кривично да ги гони сите инволвирани.

• Дополнително, целиот случај со прогонот на Лозановска мора да биде санкциониран.

• Одговорност мора да понесе и Панче Тошковски затоа што тој е виновен за началниците кои ги назначува.

Ова што се случува во МВР е скандал по скандал – потврда за опасноста од партизација на полицијата со новиот закон, што доведува до ерозија на правниот систем.

Кога полицијата е злоупотребена, правдата е парализирана. Нема правда со ВМРО-ДПМНЕ и Панче Тошковски – има само селективност и злоупотреби на полицијата за партиски цели, изјави Трајче Стојчевски, претседател на СДММ – СДСМ Центар за комуникации со јавноста.

Фото: СДСМ 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ