• Latest

Се бара начин за надминување на недоразбирањата со Софија

October 24, 2020

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се бара начин за надминување на недоразбирањата со Софија

October 24, 2020 10:38
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Интезивирана комуникација со Софија деновиве за изнаоѓање решение за спорот со Бугарија, по испраќањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на Европската Унија, во кој се оспоруваат македонскиот јазик и македонската нација. Премиерот Зоран Заев, кој наскоро заминува за Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, вчера по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба порача дека борбата на македонските револуционери никогаш не била мотивирана ниту за територии, ниту пак за доминација на едни врз други, туку за владеење на принципите на правда, одговорност и еднаквост и дека никогаш не била свртена кон минатото, туку кон иднината.

-Во духот на овој завет, во име на нашата единствена иднина како дел од демократскиот и прогресивен свет, со членството во НАТО и Европската Унија, пруживме рака за соработка со сите наши соседи. Нека ни е честит Денот на македонската револуционерна борба!, истакна вчера премиерот во својата честитка.

Учејќи од цивилизациското наследство кое го остави македонската револуционерна борба, Заев ги повикавме сите добронамерни граѓани без разлика на пол, вера, убедување и народност, да се обединат околу создавањето едно праведно општество за сите.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вчера во интервју за ТВ Канал 5 рече дека мешовитата македонско-бугарска Комисија е инструментот за решавање на проблемот со Бугарија и дека тоа што ќе произлезе од неа е најодржливото решение.

-Теоретски може политичарите да најдат решение, меѓутоа колку се тие одржливи. Затоа што секогаш ќе се гледаат од политички контекст, дека биле политички решенија а не биле на научни согледувања и решенија и утре кој било може да ги спори тие решенија. И затоа сметам дека е најодржливо, најцврсти решенија ќе бидат тие што историчарите без влијание на политичарите ќе ги донесат како заклучоци, истакна Османи.

Според министерот, проблемот со македонскиот јазик кој го имаат Бугарите е во различната интерпретација по однос и на таа дефиниција што значи според Уставот на Република Македонија тогаш, сега Република Северна Македонија.

– Поврзано е со потеклото на јазикот. Спорот е заради нивниот став дека треба да се признае историскиот контекст на генезата на јазикот. Меѓутоа, нашиот став е дека прашањето на јазикот не е прашање кое што се регулира во меѓудржавните односи  тоа е прашање кое што произлегува од правото на самоопределување и на самоизјаснување на граѓаните, рече Османи.

Поранешниот премиер и лидер на ВМРО Народна Партија Љубчо Георгиевски пак во интервју за БГНЕС кое го дал за време на неговата посета на Софија вели дека „Длабоката држава” во Македонија ги нарушува нормалните односи меѓу двете земји, гради омраза и непријателство кон Бугарија, вклучува професори, новинари, вработени во службите за национална безбедност и посочува дека во суштина, тие не се сите Македонци.

– И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели Георгиевски.

Според него, југословенската историографија ја призна македонската нација како најмлада на Балканот, а пак, како што вели, Никола Груевски со антиквизацијата и нанел тежок удар.

– Треба да ги признаеме заслугите на Зоран Заев поради неговата желба за пријателство со Бугарија, Заев и Бојко Борисов треба да изнајдат решение со кое ќе се тргне кон историско доближување, смета Георгиевски.

Претседателот на опозициката ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од вчерашниот протест со автомобили од пред Собранието порача дека Македонија мора да отпочне преговори со ЕУ час поскоро и дека мора да се случи час поскоро таа меѓувладина конференција.

-Тоа е нашата единствена иднина, а ВМРО беше создадено како резултат на прозападните убедувања, затоа што кога многумина во Европа зборуваа за монархии и царства, ВМРО се бореше и крв лееше за сопствена република на Балканот. Македонија даде илјадници жртви во борбата против фашизмот, борбата против крвавиот дел од комунизмот. Македонија е браникот со кој се брани Европа, истакна Мицкоски..

Според него, доколку биде прифатено дека Гоце Делчев во регионална смисла бил Македонец, а по националност Бугарин, тоа ќе значи удар во темелите на македонската нација.Мицкоски рече дека мора за клучните прашања да се покаже единство, морал и црвена линија која заедно ќе ја браниме.

Под насловот „Бугарија-Северна Македонија: јазична кавга“ парискиот весник со демохристијанска ориентација „Ла Кроа“ објави дека Софија го оспорува постоењето на македонски јазик и се заканува да го блокира отворањето на пристапните преговори меѓу Европската унија и Северна Македонија. Софија би можела да истрае во блокирањето, но делумно и блефира, смета весникот, бидејќи, како што наведува, таа не би добила многу со спротивставувањето на нејзините европски партнери за отворање на пристапните преговори.

-Внатрешната бугарска политичка ситуација, со демонстрациите против корупцијата и наддавањето на националистичката партија ВМРО, член на владината коалиција, игра важна улога во оваа расправија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов би можел да истрае во неговото блокирање, но во тоа има елементи на блефирање, бидејќи тој не би добил многу со спротивставување на неговите европски партнери за отворање на пристапните преговори, кои во секој случај ќе траат десет години“, истакнува европскиот дипломат за „Ла Кроа“

Премиерот Зоран Заев на почетокот на следниот месец заминува во Софија на средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов, во рамки на македонско-бугарското ко-претседавање со Берлинскиот процес 2020. Земјава прави дипломатски напори да се најде излез од ситуацијата, по објавувањето на бугарскиот појаснувачки меморандум до земјите-членки на ЕУ, со кој меѓудругото се негираат македонскиот јазик и македонската нација и вложува во зајакнување на билатералната комуникација со Софија, истовремено потенцирајќи дека за темите кои произлегуваат од Договорот со Бугарија има јасна волја да се решаваат преку работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија.

Извор: МИА

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ