• Latest

Се кладам дека Македонецот нема да успее да се убие на 8 мај

March 31, 2024

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се кладам дека Македонецот нема да успее да се убие на 8 мај

March 31, 2024 13:04
in ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

 БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Некои пријатели ми велат дека не мал број Македонци сакаат да си ја отсечат главата со моторната пила на антиевропејството, антиалбанството и, во крајна линија, на антимакедонството.

Затоа што во вмро им велат дека во вратот ќе најдат злато.

Хахаха!

Јас, пак, верувам дека на 8 мај Македонецот нема да успее да се убие!

Не знам дали раката ќе му се затресе или до израз ќе дојде распоредот на неговите витални органи, толку ретко распоредени што и тунелот од некоја крстосувачка ракета ќе го преживее како убод на игла за везење на вилерови гоблени.

Македонецот е хибрид од кукавица и најголем можен опортунист. Тој може да умре како резултат на долгогодишно занемарување на своето здравје и на национална одговорност и хигиена, да  скапе како куче, но не може да се убие дури и ако од вмро му речат дека кожата ќе му ја платат десет пати поскапо од кожата на теле масирано за беби биф.

Нема муда.

Така викаме во Овче Поле.

Сеедно што за Луј Вутон ташна од кожа на Македонец Ким Кардашијан би платила 1,3 милиони евра.

Пред шест години, мислам во јули 2018, година пишував дека новото геополитичко доба ја издигнува кората откако успеа да ги поремети најдлабоките ментални слоеви на македонската планета, а ние се однесуваме како дека во дворот ни рие крт.

Се преобразува историската стварност на нашиот свет како и нејзиниот секојдневен пејзаж и се уриваат најдобро обезбедените перспективи на нашата мисла и нашата култура, а ние се однесуваме како дека можеме да ги бојкотираме тие процеси или да ги затвориме во тегли за туршија.

Еве, погледнете ги кампањите за претстојните избори и ќе видите дека тука нема никакво поместување во однос на вообичаените кретенски димензии на јавниот дискурс, што е малку чудно со оглед на тоа дека на изборите ќе се решава дали Македонија ќе се втемели себе во новиот свет или ќе влезе во завршната фаза на својата дисолуција.

Има тенденција на нормализирање на ненормалното, една одвратна претстава, всушност, измама на широките народни маси предозирани од дрогата што се вика вмро.

При што забележувам една интересна појава.

На волшебен, би рекол, начин, вморонот се покажува како „по наш“ субјект од  сдсмонот, затоа што тој (вмро), всушност е нашата превртена очигледност, тој е таа разделба меѓу нашите чувства и нашите ставови, тој е извадениот корен на нашиот дух. Тој е нашата негација, тој е факторот кој ни дозволува да кажеме дека Македонија е невозможна во услови на демократија ако вмро е една од алтернативите. Затоа што по природата на нештата ја покренува внатрешната дусолуција и ги активира павловите рефлекси на сите околни кучиња на ист начин како и пред формирањето на Република Македонија.

ВМРО е химничната смрт која во услови на демократија станува од гробовите за да ги повлече тие што заборавиле да умрат за Македонија.

Мора да го шутнеме назад во гробот и дупката да ја бетонираме како радиоактивните блокови на Чернобил.

Дали имате впечаток дека нешто во меѓувреме е променето?

Јас имам – на полошо, на полошо кое е појасно и на полошо кое е појасно и сега пред клучните избори полека станува повидливо, односно поспасоносно за нацијата.

Вмро ја отру нацијата со глупост, но отровот почнува да делува и на неговите бели дробови.

Глупоста, се разбира, не можеме да ја истребиме само со напори на разумот затоа што и разумот почнува да произведува глупости.

Болни сме од вмровитис.

И не се однесуваме нормално, говорот ни е тешко мумлање, плукаме во сите соговорници и во микрофоните.

Уште пред да ја освојат власта комитите и поставуваат услови на Европската унија.

Како екипата на Јане за ослободувањето на Мис Стон.

Тоа е така романтично.

Им поставуваат услови и на Албанците.

Бујар ми рече дека Албанците се усрани и дека ќе ги прифатат сите услови на вмро. Дури дека ќе бараат дополнителни рестрикции на своите права.

Лепота!

Од заебанција, нормално.

Потребна ни е страст, љубопитство, уметност, култура, спорт. И милион други работи што ќе ја разретчат присутноста на вмро во нашата национална, ментална и карактерна конституција.

Како?

Не знам.

Главниот грев на интелектуалците е во тоа што извршија замена на мислата со друштвеност, односно со теми за  расправи, за дебати, за гомнојадство, за сѐ од кај што е протерана мислата. Тие се корумпирани со шансата да не бидат откриени дека се неуки или макар тенки ви паметта.

Светот без мисла е нивниот омилен амбиент.

После доаѓаат парите и претседателските кандидатурки.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ