• Latest

Се очекува Ковачевски утре до Собранието да го достави предлогот за состав на новата влада

January 10, 2022

24 ЧАСА: ОН алармираат за зачестени напади врз новинари и говор на омраза во Северна Македонија; Власта бара поддршка за ребалансот на Буџетот, за Битиќи е знак дека владата ја изгубила фискалната контрола; Русија продолжува со егзекуции на заробеници

July 2, 2025
Наградно прашање: пронајди го Таче. Фото: Фејсбук страната на Димитар Ковачевски

Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

July 2, 2025

Јанкуловски побара поддршка од пратениците за ребалансот на Буџетот, за Битиќи Владата скицира нереална економска слика

July 2, 2025

ВЛЕН со кривична пријава против раководството на ДЗС одговорно за пописот во 2021

July 2, 2025
Легенда:
Александар Вучиќ, Сергеј Лавров (фото извор: фотографии од Wikipedia)

Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

July 2, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Вечерва ќе си каснам малку од идентитетот, ако останало

July 2, 2025
Фото: СДСМ

СДСМ за изјавата на Кос: Очекувавме еврокомесарката да истакне дека македонскиот јазик и идентитет се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ

July 2, 2025
Бесар Дурмиши, министер за економија
фото/ Фб профил

Дурмиши најави ригорозни мерки ако има девијантно однесување од трговците

July 2, 2025
Министерство за надворешни работи на Украина

Украинското МНР предупреди дека одложувањето на воената поддршка на САД само ќе ја охрабри Русија да продолжи со теророт

July 2, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Со полициска придружба од Кочани се транспортира предметот „Пулс“ до Основниот Кривичен суд Скопје

July 2, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се очекува Ковачевски утре до Собранието да го достави предлогот за состав на новата влада

January 10, 2022 09:24
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Лидерот на СДСМ и мандатар за состав на новата влада Димитар Ковачевски се очекува утре до Собранието да го достави предлогот за состав на владиниот кабинет и новата владина програма, а на крајот од неделава да се одржи собраниска седница за избор на владата.

Во интервју за МИА, Ковачевски вели дека подготовките за новата влада се на самиот крај, а програмата и кадровските решенија се усогласени со коалициските партнери.

-Нашата цел да составиме стабилна Влада со јасни принципи на делување е исполнета. Ваквата Влада ќе значи ефикасност во работењето и стабилност во решавањето на сериозните предизвици кои ни претстојат. Во однос на кадровските решенија, би рекол дека тоа се луѓе кои ги отсликува ефикасноста во работењето, имаат сериозен професионален капацитет, чесност и желба да работат за граѓаните и општеството. Социјалдемократските вредности и пристап во политиката се исто така одлика на новиот тим. Тоа се луѓе кои веруваат во еднаквоста и солидарноста, кои се борат за правата на ранливите, а правичноста е нивна карактерна особина, вели Ковачевски.

 

Според него, секој е заменлив, особено доколку во одреден момент повеќе не е на висина на задачата и тоа ќе биде и основен принцип на ефикасно управување и новата влада. Што се однесува до новиот владин состав и ресорите со кои ќе раководи СДСМ, додава тој, станува збор за тим од нови луѓе, но и докажани кадри од претходната влада кои имале добра реализација и резултати во своите ресори.

-Од сите нив очекувам максимално посветена работа, остварување на ветеното и фокус на приоритетите од програмата. Новата влада ќе биде високо продуктивна во работењето, посветена на економските предизивици, како и на зајакнување на животниот стандард на граѓаните. За ова да го постигнеме секој член, секој дел од овој мотор мора да функционира беспрекорно, потенцира Ковачевски.

Ковачевски, по добивањето на мандатот од шефот на државата, изјави дека планира владата да ја предложи околу 10-11 јануари, односно во пократок рок од уставно предвидениот.

 

Тој  мандатот од претседателот Стево Пендаровски го добина 29 декември откако шефот на државата од СДСМ беше известен за предлог за мандатар, поддржан од политичките партии кои заедно имаат мнозинството во Собранието. По приемот на мандатот, мандатарот во рок од 20 дена, значи не подоцна од 20-тиот ден треба да излезе пред Собранието со предлог персонален состав на новата влада и програма за работа на владата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери во својата завршна годишна изјава на крајот од декември, лани, на новинарско прашање околу постапка за избор на нова влада, изрази надеж дека мандаторот нема да оди во крајните рокови, имајќи ги предвид, како што рече, преговорите што се направени претходно и најавите по однос на евентуални поединечни персонални решенија. Додаде дека очекува таа да биде функционална на 17 јануари 2022 година.

– Во секој случај, варијантите за организација на работата на Собранието се предвидени, и ако е тоа крјаниот рок 20-тиот ден, а и ако е пократок рокот. Но, во секој случај, во моментот кога ќе се добие персоналниот состав и програмата на владата, тогаш почнува рокот на Собранието, во рок од 15 дена од тој момент да се свика седница за избор на влада. Седницата трае два дена. Вториот ден, пред 24 часот треба да се гласа за нова влада.Очекувам некаде 10-11 да добијам предлог состав на владата и програма и врз основа на консултации со пратеничките групи кои се во Собранието, да се определи датум за одржување седницата. Најверојанто тоа ќе биде 15-16 јануари, односно ако се добие предлогот на 10-11, 15-16 да се одржи дебата два дена, вториот ден на 16, пред 24 часот да се изгласа новата влада, која на 17 изутрината би ги презела функциите во министерствата, односно во владата како тим со мандати и со сите овластувања коишто произлегуваат од одлуката со избор, појасни Џафери.

 

Од владејачката СДСМ за денеска најавија седница на Извршниот одбор, по што најверојатно во 20 часот ќе има состанок и Централниот одбор.  Заменик – претседателката на партијата Сања Лукаревска, во изјава дадена пред божикните празници најави дека во понеделник се очекува да има седница на Централниот одбор на СДСМ на која претседателот и мандатар Димитар Ковачевски ќе ги презентира имињата за составот на владиниот кабинет, по што ќе продолжи соодветната процедура во Собранието.

Согласно Законот за Влада, Владата ја избира и разрешува Собранието на Република Македонија со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. При предлагањето на составот на Владата, мандаторот предлага министри за секое од министерствата утврдени со закон и министри без ресор. Владата стапува на должност со денот на изборот. 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Костадинов до Латас: Кога ќе ја чепнеш честа на мојот мртов татко, правдата не се моли. Се зема.

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Едногодишен помен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Дијаспората веќе не е „нерезидент“ – Одлука на Уставен што менува правила

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ