Европската комисија започна со воспоставување на ново разузнавачко тело под покровителство на претседателката Урсула фон дер Лајен објави Ројтерс, повикувајќи се на Фајненшл тајмс. Според Фјненшл тајмс, целта е подобро искористување на информациите што ги собираат националните тајни служби на земјите-членки.
Новата единица се формира во Секретаријатот-генерал на Европската комисија. Планот предвидува ангажман на службеници и експерти од разузнавачките заедници низ ЕУ и систематско колекционирање и синтеза на податоци за заеднички цели. Извештајот се повикува на четири лица запознаени со плановите.
Официјални детали за мандатот, формалниот надзор и односот со националните служби засега нема. Доколку иницијативата се потврди и операционализира, Комисијата би добила централизирана аналитичка функција поблиску до процесот на носење одлуки во Брисел, со што би се намалиле доцнењата и фрагментацијата при одговор на безбедносни ризици на ниво на Унија. Од Ројтерс наведуваат дека не може веднаш да ги потврдат наводите на Фајненшл тајмс.
Д. Т.












