• Latest

Се работи на обезбедување средства за почнување на третата фаза од пругата кон Бугарија

February 24, 2021

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Се работи на обезбедување средства за почнување на третата фаза од пругата кон Бугарија

February 24, 2021 12:54
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски очекува во текот на годинава да биде избран изведувач на првите две делници за пругата кон Бугарија и да има прогрес на работите на терен, а како што изјави денеска, работат да обезбедат средства за почнување на третата фаза.

За пругата кон Бугарија, согласно со одлуката од Владата, првата и втората делница ги споивме во едно и веќе се работи на претквалификација и барање заинтересирани изведувачи кои ќе работат на  овие две делници Куманово-Бељаковце и Бељаковце – Крива Паланка за кои  се обезбедени финансии во најголем дел од грантови, изјави денеска Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање по увидот на работите за изградба на гасоводот Скопје-Гостивар.

За следната фаза од  Крива Паланка до граница со Бугарија веќе се обезбедени 60 милиони евра, а целата чини над 400 милиони евра.

– Вчера со одлука на Владата помина информација со која Македонски железници Инфраструктура ја продолжува постапката за апликација за обезбедување дополнителни средства како грант за оваа трета фаза преку WBIF. Tоа значи дека веќе се подготвуваме со сите предфази да обезбедиме средства за сериозно почнување на третата фаза,  а очекуваме во текот на годинава да биде избран изведувач за овие први две делници, така што очекувам  и прогрес во текот на оваа година со нов изведувач на терен, рече Бочварски.

Тој не сакаше да ја коментира судската постапка по прекинот на работите на првата  делница посочувајќи дека тие си течат и има арбитража, а сето тоа не ја запира постапката за избор на нов изведувач кој ќе работи на терен.

-Сите проекти кои стоеле 30-ина година како што е гасоводот, каде реално било малку направено, а денес гледаме каков замав земаат,  секако железницата, новите делници на автопатиштата за кои почнуваме  нови постапки се силен импулс да ги убедиме граѓаните дека оваа е година на развој и да ги ставиме во функција сите домашни и меѓународни капацитети кои ќе дојдат да работат на терен. Посакуваме силни изведувачи  кои посветено ќе работат како што го гледаме тоа тука со гасоводот, рече Бочварски.

Според информациите од раководството на МЖ Инфраструктура, во претквалификациската фаза за првите две делници се доставени 20 апликации од меѓународни конзорциуми, а до крај на месецов треба да се финализира листата со тие кои ќе учествуваат со финална понуда на тендерот.

На вчерашната седница на Владата беше одобрена Информацијата за доделување грант преку 25. повик за техничка помош и за 6. повик за инвестициски грант за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Република Бугарија како дел од Коридорот 8, со укажување до ЈП за железничка инфраструктура „Железници на Република Северна Македонија“- Скопје, да ја достави апликацијата за овој грант до Инвестицискиот фонд за Западен Балкан (WBIF).

Со грантот значително ќе се забрза процесот на довршување на железничката пруга кон Бугарија, како дел од обврските на нашата  држава во развојот на паневропскиот Коридор 8, а со добивање на инвестицискиот грант ќе се дополни финансиската конструкција за изградба на делницата Крива Паланка – граница со Бугарија, информираа од Владата.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Диме Велев за ЦИВИЛ: Нема да дозволиме петмина во Комисијата за дијабетис да изиграваат Господ и да одлучуваат каква терапија треба да примаат 40.000 пациенти

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ