• Latest
Војо Маневски

Се советува ли градоначалникот?

September 9, 2021

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
Фотографија: WIkimedia Commons

КОП30: Активисти бараат глобален договор за укинување на фосилните горива

November 13, 2025

САД го бојкотираат самитот на Г20 во Јужна Африка

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР ВО КУМАНОВО: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Фото: Инстаграм

(ВИДЕО) Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се советува ли градоначалникот?

September 9, 2021 12:28
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

За да ја продолжам серијата прашања до кандидатите за градоначалници, сакам да ја разгледаме можната соработка со претставничкото тело на локално ниво, Советот на општината. Само што почнав да размислувам за овој орган, се изненадив дека под тоа име има голем број  на органи во сите локални и централни институции. Секаде има по некој совет.  Дури и нашето именување на меѓународните органи и организации се со тој термин. Од Советот за безбедност до разни совети на регионални организации. Значи секаде е потребно советување.

Во Tолковниот речник на македонскиот јазик за „совет“ стои – „заедничко разгледување на некои прашања“. Е, токму ова „заедничко“ е клучот на успехот или конфронтацијата.

Според Законот за локална самоуправа, Советот на општината е орган на локалната самоуправа кој го сочинуваат претставници на граѓаните што се  избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање.

Според законодавецот, рамнотежата на власта е поставена со определување на законските ингеренции на градоначалникот и советот. Законот ги упатува на соработка не давајќи му превласт на ниту еден од овие органи.

Искуството од 17 годишната примена на овој Закон покажува низа на односи, кои произлегуваат од политичкиот распоред на силите во Советот и помеѓу Советот и градоначалникот. Овој сооднос директно ја одредува работата на локалната самоуправа.

Советот е составен од советници, иако под тоа име се и дел од вработените во локалната администрација, но овој пат зборуваме за членовите на Советот.

Оваа како почетна позиција во прашањата до кандидатите, како ќе соработуваат со Советот на општината?

Резултатите од изборите ќе ја диктираат и соработката меѓу овие најважни органи на локалната самоуправа. Има неколку можни комбинации.

Доколку градоначалникот е од една партија, а мнозинството во Советот е од иста партија, соработката разбирливо тече лесно. Разбирливо е, бидејќи  сите се избрани врз иста понуда пред граѓаните. Градоначaлникот предлага своја програма, а кандидатската советничка листа застанува зад него. Досега не сум видел програма на кандидатска листа во која ќе ги образложат своите посебни цели. Таа е дел од општата партиска изборна програма, а таму има воглавно општи образложенија од типот „ќе се залагаме“… Мали недоразбирања во соработката настануваат кога се амбицираат некои советници од советничкото мнозинство да бидат  претставници на граѓаните, а не само исполнувачи на партиските директиви. Досега ова беше најчесто судир меѓу претседателот на Советот и градоначалникот како дел од внатрепартиската борба за превласт. Но и тоа досега се завршуваше во партиските тела без многу учество на јавноста. И самиот Совет најчесто е составен од коалициони партнери кои не секогаш имаат исти интереси, па во Советот настануваат дебати кои знаат да закочат некои од предлозите на градоначалникот. И овде судирот се разрешува со разни договори, што често се задоволување на некои лични интереси на коалициските партнери во Советот.

Затоа, прашањето до кандидатите за градоначалници е „кои се облиците на соработка со Советот доколку се најдете во ваков однос на силите? Ќе се завршува ли сѐ во канцелариите или разликите ќе ги изнесете пред Советот за да имаат увид граѓаните, кој и за кои интереси се залага во Советот на општината“.

Состојбата кога Советот има мнозинство од друга партија или коалиција, а градоначалникот е од друга политичка провиниенција ја определува соработката на друг начин. Во ваков случај, советниците гласаат за предлозите на градоначалникот, секогаш кога тие предлози се од општо прифатлив интерес и спротивставувањето донесува лош одек меѓу граѓаните. Во другите случаи, според досегашната практика на спротивставени ставови по сите прашања, проблемите за соработка настануваат уште во комисиите. Долги и мачни дискусии кои имаат завршница на седниците на Советот. Најчесто компромисот е со воздржаност во гласањето или во одбивање на предлогот што  повлекува нова постапка, па дури и толкување на одлуките од со закон определените органи. Сето ова некогаш значи и застој во реализацијата на програмата на јавните претпријатија или некоја друга активност на локалната самоуправа. Донесувањето на урбанистичките планови во овој случај имаат голема важност зошто од нивната реализација и основа за градење на нови градби, директно ефект има буџетот на општината преку наплата на комуналните такси.

Овде прашањето е „дали кон предлозите ќе се вклучуваат и предлозите на советниците, кои во конкретниот случај се мнозинство, а се од друга политичка партија или коалиција, со цел поефикасна работа на целата локална самоуправа?“.

Кон комплицираноста на соработката, има и други варијации кога се работи за различна политичка припадност на градоначалникот и советниците, со додадена вредност во разликата на централно ниво.

Доколку градоначалникот е од позицијата, неговата соработка со Советот кој е со мнозинство од опозицијата е отежната поради различните интереси. Советот како генерален партиски став тогаш има за задача да ја намали ефикасноста на работата на градоначалникот и ја намали неговата популарност кај граѓаните. Состојбата е компликувана и поради тоа што и градоначалникот не смее да дозволи добра работа на опозицискиот Совет, поради партиските позиции на следните избори, кои по правило следуваат веќе следната година. Очигледна е спротивставеноста во интересите, која често значи и запоставување на интересите на граѓаните, иако во партиски поделената заедница ова е критикувано само од граѓаните, кои не се партиски организирани. За жал, ова се прифаќа како нормална политичка борба. Во овој судир предност има градоначалникот, кој е од партијата на власт на централно ниво, зошто ниту тие смеат да дозволат нивниот кадар да не ги остварува програмите. За ваквите судири сме сведоци во низа локални самоуправи од кои некои завршија и на суд.

Доколку градоначалникот е од опозицијата на централно ниво, а Советот има мнозинство од неговата партија, тогаш се постигнува единство на локално ниво, но и опструкции од централно ниво. Опозицијата тогаш ја третира локалната самоуправа како свој вилает и настојува да ја помага преку работата на Собранието, поставувајќи точки за дискусија и предлагајќи проекти во централниот буџет, а кои се поврзани со општината каде тие се на власт. Доколку градоначалникот е од опозицијата, а Советот е од позицијата, досегашното искуство покажува најголема парализираност на работата на локалната самоуправа. И едните и другите имаат половичен интерес кој се сведува на критики за неработата на противничкиот орган и постојано валкање на најистакнатите личности од противничкиот табор.

Овде не знам што би ги прашал кандидатите за градоначалници освен да ја отсликам секоја од варијациите на можните состојби. Верувајте дека ми недостасува имагинација, бидејќи за просечен граѓанин ова се многу комплицирани партиско политички односи. Овие прашања треба да ги постaвуваат граѓаните, доколку се заинтересирани за остварување на нивните интереси како примарни. Каналите за партиските кадри се на друга платформа.

Сите овие модели на функционирање на локалната самоуправа се врз искуство во следењето на работата на локалната самоуправа во Штип, скоро 15 години и личното искуство од еден мандат како советник во Советот на општина Штип. Овде ги преточив тие лични искуства за повторно да поттикнам дебата за ставовите на кандидатите за градоначалник, во било која локална самоуправа во државата.

Серијалот со дилеми и прашања, поврзани со претстојните локални избори ќе продолжи со темите за советничките листи и советниците.

 

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ