Вчера во 21:30 часот во Полициската станица Гази Баба, од јавната установа „Ранка Милановиќ“ било пријавено дека на 21.05.2018 година во 19.50 часот 12-годишен штитеник на установата самоволно се оддалечил во непознат правец и не се вратил. Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Исто така вчера околу 13:30 часот во Полициската станица Чаир, вработена во домот „25 Мај“ пријавила дека 15-годишенштитеник на домот на 21.05.2018 година околу 10:30 часот се оддалечил во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, соопштуваат од МВР.
Д.М.