Откако заврши дискусијата за Законот за Јавното Обвинителство, претседателот на Собранието, Талат Џафер утврди дека нема доволен број пратеници во сала и даде еден час пауза пред да се гласа.
Тој иронично ги повика “Фејсбук мејкерите” да ги обезбедат пратениците потребни за гласање. По закажување на едно часовната пауза Џафери извести дека гласањето ќе остане за утре, а вечерва ќе ја започнат новата седница каде на дневен ред се разрешувањето на министерката Рашел Мизрахи и измените на Изборниот Законик.
А.З.