• Latest

Седум години по најголемиот граѓански протест во македонската историја, евакуација во Азовстал, Шведска и Финска влегуваат во НАТО

May 17, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Седум години по најголемиот граѓански протест во македонската историја, евакуација во Азовстал, Шведска и Финска влегуваат во НАТО

May 17, 2022 16:30
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

17 мај, 2015 – 2022

На денешен ден, 17 мај 2015 година, 100,000 граѓанки и граѓани протестираа пред Владатa против режимот на Никола Груевски. Со слоганот #Доаѓаме! граѓаните најавија жестока борба за слобода и демократија, а единствениот начин за ослободување на државата од режимот беше тој да падне.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Командантите на единиците кои ја бранат челичарницата Азовстал, последното упориште на Украина во Мариупол, добија наредба од највисоката воена команда „да ги спасат животите на персоналот“, се вели во соопштението на Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.

Генералштабот потсети дека 53 тешко ранети војници биле евакуирани во медицинска установа во Новоазовск, додека други 211 бранители биле пренесени во Оленивка преку хуманитарен коридор и треба да бидат вратени на територијата контролирана од владата преку процедура за размена на заробеници.

*

Претседателот Володимир Зеленски разговараше со германскиот канцелар Олаф Шолц за ситуацијата на фронтот, зајакнувањето на санкциите и притисокот врз Русија и изгледите за мир, „Одржавме продуктивни разговори со германскиот федерален канцелар Олаф Шолц. Разговаравме за ситуацијата на фронтот, понатамошниот притисок врз Русија, зголемувањето на санкциите, изгледите за мир. Ја цениме германската поддршка, вклучително и одбранбената. Сметаме на понатамошна германска помош на патот на Украина кон полноправно членство во ЕУ“, напиша Зеленски на Твитер.

*

Генералниот секретар на Обединетите Нации, Антонио Гутереш се обидува да најде решение со Русија, Турција и со уште неколку држави, за да се отвори украинскиот извоз и да се избегне недостиг од храна во светот, тврди добро упатен дипломат.

*

Херојството на бранителите на Мариупол овозможи да се потиснат руските трупи околу Киев и да се запре офанзивата врз регионите Запорожје и Доњецк, изјави министерот за одбрана на Украина, Олексеј Резников на новинарите, информира Еспресо.

„Благодарение на херојството на гарнизонот Мариупол, успеавме да ги потиснеме руските окупатори околу Киев. Тие [бранителите на Мариупол] ја послушаа наредбата да се ограничи група од 20.000 руски напаѓачи и да ги спречат да напредуваат во насока Запорожје и Доњецк. Сите се херои. Сега имаат нов поредок – да си ги спасат животите“, изјави Резников.

ИЗЈАВИ

Битиќи: Јасна визија за развојот, стабилностa, предвидливост и инклузивниот дијалог се клучот за развој и задржување на човечкиот капитал во регионот

„Што може да направи една национална влада и што не успеала да го направи или да го постигне? Веројатно сите ќе речат, да ги усогласи политиките со глобалните цели како ЦОР или другите повисоки цели на ЕУ. Северна Македонија не заостанува зад сето тоа: ние ја усвоивме Агендата 2030 и Целите за одржлив развој во 2016 година и ги повторивме во 2018 година и се стремиме да ја одржиме парадигмата на агендата – да не оставиме никого зад себе.

Националното собрание ја усвои новата Резолуција на миграциски политики и акцискиот план за 2021-2025 за државата, во декември 2021 година.

Затоа, морам да кажам дека не заостануваме во креирањето добар и сеопфатен документ: Национална стратегија на Република Северна Македонија за соработка со дијаспората за периодот 2019-2023“, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи.

ФЛЕШ ВЕСТИ

НАЈАВА Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука за одржување голем граѓански протест што ќе се одржи на 18 јуни, изјави потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски, соопштувајќи ги одлуките од вечерашната седница на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

РОК ЕУ потврди ако спорот меѓу Скопје и Софија не се реши до крајот на француското претседавање ќе има длабока криза со регионот. Софија за кревање на ветото повтори дека очекува „конкретни чекори заедно да се изодат без какви било календари или очекувања“. Скопје, пак, порача дека сите услови за старт на преговорите со ЕУ се исполнети и сега на потег е Бугарија.

АЛИЈАНСА Финскиот парламент се изјасни во вторникот за приклучување на земјата во НАТО со големо мнозинство од повеќе од 95 отсто од пратениците, со што се овозможува Хелсинки да ипрати во седиштето на Сверноатлантскиот воен сојуз формални барање за членство.

Шефицата на шведската дипломатија, Ан Линде денеска го потпиша барањето за влез во НАТО. Бидејќи руската инвазија на Украина предизвикува радикален развој на европската безбедност и геополитика, оваа акција го означува формалниот чекор на Стокхолм кон приклучување во воениот сојуз предводен од САД, ставајќи крај на децениската воена неутралност.

ПРАВДА Министерството за правда соопшти дека е формирана дисциплинска комисија која целосно ќе го испита случајот во врска со повикувањето во полициска станица на новинарката Соња Колевска Делевска за објавен текст.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ ИДАХОБИТ се обележува секоја година на 17-ти Мај за да се привлече вниманието на властите, медиумите, јавноста, креаторите на јавното мислење и локалните авотритети за ситуацијата со која се соочуваат ЛГБТИ лицата (лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови лица и интерсекс) и сите тие кои не се однесуваат во согласност со повеќето сексуални и родови норми.

ЕДИТОРИЈАЛ

„На 17 мај 2015 година, македонските граѓанки и граѓани дојдоа по својата слобода. На тој ден, тие решително го отфрлија режимот кој се служеше со лаги и закани, предизвикуваше тензии и поделби, спроведуваше грабеж и насилство. Јасно порачаа: Никогаш повеќе режим!“ пишува Џабир Дерала во „Денот кога граѓанките и граѓаните дојдоа по својата слобода“

Б. Јордановска

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ