• Latest

Седуммината со коронавирус во стабилна здравствена состојба, 12 се тестираат

March 11, 2020

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Седуммината со коронавирус во стабилна здравствена состојба, 12 се тестираат

March 11, 2020 14:07
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни болести има седум пациенти со коронавирус кои се со стабилна, лесна клиничка слика и никој нема потреба од механичка вентилација. Контролниот тест на пациентката која иницијално беше прва кај која е потврден вирусот, е негативен и таа во следните денови ќе биде пуштена на домашно лекување. Во моментов се тестираат 12 пациенти, истакна денеска на прес-конференција во Владата, министерот за здравство Венко Филипче и апелираше сите граѓани да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот.

Од 12-те пациенти кои се тестираат, посочи, двајца на Инфективната клиника се дојдени со знаци на грип, тие патувале во Италија и дошле здрави пред пет шест дена, а изутрината развиле симптоми и се земени материјали, осум се од Дебар и тие се соседи на тројцата заболени хоспитализирани пред неколку дена, и имале интензивни контакти со нив, и тие се на Клиниката, еден пациент е од Инфективното одделение во Штип, кој беше со знаци на грип од Кочани и кој исто така патувал во Италија, а еден пациент е испратен преку Центарот за јавно здравје во Прилеп.

Нагласи дека за два часа се очекуваат резултатите од тестирањето и ќе ја информираат јавноста.

Во врска со препораките кои вчера беа соопштени на јавноста, рече дека отсуството кон работодавецот работникот го регулира со потврда издадена од градинка односно училиштето на име на родителот со назнака за времето во кое истата важи со цел да се оправда отсуството.

– Во однос на прекинот на работата на дневните центри за згрижување на лица со попреченост, ослободувањето од работните активности на родителот на лице со попреченост е проширено и на овие лица кои се на возраст до 26 години, значи оваа мерка важи и за родителите на лица и деца кои се сместени и користат услуга во центрите за попреченост. Исто како и за родителите на децата од градинка или од училиште ќе треба да се даде потврда дека се корисници на таа услуга, рече Филипче.

Се наметна, посочи, прашањето за двајца родители кои работат во ист сектор, а оваа препорака не важи за секторот здравство, полиција, војска, пожарна, а денеска на седница на Влада ќе ја дискутираме и Царинската управа.

– Значи доколку двајцата родители работат во рамките на ист сектор, ќе треба едниот да биде ослободен од работа и самохраните родители треба да бидат ослободени од работа. Се наметна прашањето дали овие мерки со оглед на тоа што се препораки освен за државните важат и за приватните компании. Напоменувам овие мерки важат за сите и непочитувањето ќе биде санкционирано и казнето согласно членот 205 и 206 од Казнениот закон за опасност од ширење заразна болест, истакна Филипче.

Апелираше да се црпат информации од пресови, и потенцира дека во кое било време се достапни за информации во кој било дел од денот.

– Жал ми е што бевме сведоци на лажни вести и на шпекулирање. Сметам дека тоа треба да се избегне со цел да не се создава непотребна паника. Ние сме пред болестите практично сите исти и затоа сите носиме иста одговорност. Апелирам сите да се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот, рече Филипче и ги повтори мерките за заштита од коронавирусот, а тоа се задолжителна 14-дневна изолација доколку некој доаѓа од ризичните региони, одржување лична хигиена – често и темелно миење на рацете и нивна дезифенкција.

Додаде дека во 14 часот ќе се одржи седница на Владата по што ќе организираат уште една прес-конференција со цел јавноста целосно да биде информирана.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ