• Latest

СЕФФ: Одржлив економски раст со зелена транзиција, енергетска ефикасност и дигитализација

May 30, 2022

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

СЕФФ: Одржлив економски раст со зелена транзиција, енергетска ефикасност и дигитализација

May 30, 2022 17:51
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На кус рок – таргетирани мерки за поддршка на ранливите категории на граѓани и фирмите кои се директно засегнати од кризата и одржување на стабилноста. На среден и долг рок – поттикнување на конкуретноста и растот преку фокус на структурните реформи: зелена транзиција, енергетска ефикасност, дигитализација, вложувaње во човечки капитал и поврзување со земјите во регионот.

Ова е пораката од првиот панел на Скопскиот економски форум – #СЕФФ2022, кој се однесува како да се одговори на макроекономските предизвици во турбулентни времиња, а во насока на одржување на економскиот раст.

На панелот учествуваа министерот за финансии Фатмир Бесими, министерката за финансии и економија на Албанија, Делина Ибрахимај, министерот за финансии, труд и трансфери на Косово, Хекуран Мурати, министерот за финансии на Црна Гора, Александар Дамјановиќ, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, алтернативниот извршен директор на ММФ, Лук Дресе, како и резидентниот претставник на ММФ, Стефани Ебле, Владимир Глигоров – истражувач на Виенскиот иснтитут, Глигор Бишев – претседател на Советот за едукација и стратешко истражување при Стопанската комора и Александар Стојков – универзитетски професор. Со панелот модерираа Зоран Јовановски – економист и Владимир Шимиќ – универзитетски професор на Факултетот за економија, бизнис и туризам во Сплит.

Како што беше истакнато, изминатите две години светот и економијата постојано беа соочени со нови шокови и искушенија – прво пандемијата, која е најдлабоката рецесија од Втората светска војна наваму, а потоа и нарушување на синџирите на добавување што предизвикаа раст на цените на примарните производи, особено енергентите, како и затегнување на условите на финансиските пазари.

Војната во Украина, беше потенцирано, ја имаше улогата на катализатор во растот на цените на примарните производи, предизвика дополнителни нарушувања на синџирите на добавување и раст на претпазливоста кај инвеститорите и потрошувачите. Заканите од пандемијата се се уште присутни, а светската економија се соочува со повеќе кризи едновремено.

На панелот беше посочено и дека кризата предизвикана од Ковид-19 пандемијата, покажа дека економските и финансиските системи станаа пожилави од глобалната финансиска криза наваму. Креаторите на политики, исто така, беа побрзи во одговорите. Фискалните власти преку силен стимул, кај голем број економии, успеаа да го амортизираат влијанието на Ковид-19 врз економската активност.

Дополнително беше истакнато дека, како резултат на кризата, фискалниот простор е намален, додека јавниот долг и фискалниот дефицит зголемен. Ова наметнува потреба од потаргетирани фискални одговори за време на новата криза.

Како што беше посочено, монетарната политика сега има сосема различна улога во однос на претходната криза. Ако за време на пандемијата преку прилагодливата монетарна политика се обезбеди потребната дополнителна ликвидност за одржување на економската активност и работните места, сега монетарните власти ја затегнуваат со цел да ги намалат инфлациските очекувања.

Во дискусијата беше нагласена и важност од координацијата на фискалната и монетарната политика, со цел да се одржи стабилноста.

Заклучокот е дека за да се одржи проспектот на раст, треба да се продолжи со структурните реформи и во време на криза, бидејќи само на тој начин може да се унапреди конкурентноста, продуктивноста и да се постигне забрзан и одржлив економски раст на долг рок.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ