На 25 мај 2025 година се одбележува петгодишнината од убиството на Џорџ Флојд кого го уби полицаецот Дерек Шовин во Минеаполис, настан што предизвика масовни протести против расната дискриминација и полициската бруталност. Американскиот комитет на пријатели на службата (American Friends Service Committee – AFSC) го одбележува овој ден со повик за продолжување на напорите за заедничка безбедност без полициска бруталност и затвори.
Смртта на Флојд, снимена на видео на кое се гледа како полицаец од Минеаполис клечи на неговиот врат 9 минути и 29 секунди, ги поттикна најголемите протести за расна правда во историјата на САД. Се проценува дека од 15 до 26 милиони луѓе учествуваa во демонстрации во повеќе од 2.000 градови и места во САД, а протести за солидарност се одржаa во над 60 земји низ целиот свет, во поддршка на движењето „Црните животи значат“ (Black Lives Matter).
Иако беа спроведени иницијални реформи, како што се забраната на зафати што можат да доведат до гушење и формирањето на тимови за ментално здравје, состојбите сега се уназадени. Истражувањето на Pew Research Center покажува дека 72% од возрасните во САД сметаат дека фокусот на расните прашања не донел значајни промени за заедницата на Афроамериканците.
Во април 2025 година, администрацијата на претседателот Трамп издаде извршна наредба која ги укинува федералните надзори врз полициските оддели, овозможува трансфер на воена опрема на локалната полиција и обезбедува правна заштита за полицајци обвинети за неправилности.
Сепак, АФСЦ продолжува да поддржува иницијативи за алтернативи на традиционалното полициско работење:
Таква е иницијативата во Чикаго „Лекување, не траума“ (Treatment Not Trauma), кампања што се се залага за пренасочување на средства од полицијата кон услуги за ментално здравје, вклучувајќи мобилни тимови за кризни интервенции и повторно отворање на заеднички ментални здравствени клиники.
Во Лос Анџелес се спроведува иницијативата „Преосмислување на безбедноста во јавниот превоз“ која се состои во поддршка на програми со „амбасадори“ во јавниот превоз кои помагаат на патниците, деескалираат ситуации и обезбедуваат ресурси без вклучување на полицијата.
Пет години по смртта на Џорџ Флојд, AFSC соопшти дека останува посветен на изградба на заедници каде безбедноста се постигнува преку грижа, одговорност и алтернативи на милитаризираното полициско работење. Оваа организација е само една од многуте граѓански иницијативи ширум САД кои се борат против расната дискриминација и полициската бруталност.
Џ. Д.
Извор: American Friends Service Committee