За Украинците кои пристигнаа во Република Северна Македонија поради војната на територијата на Украина и бараат место за живеење, како и граѓаните на Северна Македонија, кои имаат можност да помогнат во сместување на лица од Украина или да ги сместат бесплатно во своите домови, во функција е страната „Прихисток“ https://prykhystok.in.ua/, соопштуваат од украинската амбасада во Скопје.
На оваа страна може да се објавуваат информациите за населените места, бројот на слободни места и контакти, на кои можете да понудите или да најдете бесплатно сместување. Тоа е докажан сервис кој помага да се координираат напорите на оние кои бараат помош и оние кои можат да ја обезбедат.
Ги повикуваме граѓаните на Република Северна Македонија да ја користат веб-страницата „Прихисток“ доколку сакате со сместување да им помогнете на жените и децата кои биле принудени да дојдат во нашата земја бегајќи од војната!, се вели во соопштението од амбасадата.