• Latest

Секој трет заболен од Ковид-19 нема симптоми – колку се вкупно „невидливите сејачи“ на болеста? (инфографик)

May 25, 2020

24 ЧАСА: Оган ја гори Македонија; 6.600 граѓани тргнаа пешки до Сребреница; Нетанјаху го номинираше Трамп за Нобелова награда за мир

July 8, 2025
Фото: ВИ

На збор ЕУ, на дело изолација – Мицкоски ја води Македонија по сопствените црвени линии

July 8, 2025

ЦВАЈ ТАГ, ДРАЈ ПАРАД ПРЕД НАШИТЕ ОЧИ: Огин го гори Чучер-Сандево

July 8, 2025
Фото: ЦУК/ Фејсбук

ЦУК: Во земјава беснеат 9 активни пожари, еден локализиран 

July 8, 2025
Исечок од видео на Радио слободна Европа / Деца од воено силување

Тој повеќе не е невидлив: Приказната за дете родено по силување во војната во Босна

July 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на wocomoMOTORS

Ротердам, најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијална војна со Русија

July 8, 2025
Фото: МИА архива

Советот на ЕУ го одобри пристапувањето на Бугарија во Еврозоната

July 8, 2025
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

Над 6.600 учесници тргнаа кон Поточари во Маршот на мирот по повод 30 години од геноцидот во Сребреница

July 8, 2025
Фото: Оксана Маркарова / Х

Амбасадорката на Украина во САД ќе биде разрешена, потврди извор од Кабинетот на Зеленски

July 8, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Има ли крај сагата со „раскинувањето“ помеѓу Трамп и Маск

July 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Секој трет заболен од Ковид-19 нема симптоми – колку се вкупно „невидливите сејачи“ на болеста? (инфографик)

May 25, 2020 13:28
in ВЕСТИ, КОВИД-19, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter
Од околу 2.000 до сега регистрирани заболени со Ковид-19 во земјава, дури 32,3 отсто воопшто немаат симптоми, но можат да ја пренесуваат болеста. Според дневниот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) две третини од асипмтоматските случаи (75%) „имале контакт со веќе потврден случај во државата“.

Се поставува прашањето, ако секој трет од регистрираните заболени воопшто нема симптоми тогаш колкав е бројот на непотврдени лица кои се позитивни и кои несвесно го шират вирусот? Врвот на ледениот брег кој се гледа на површината од водата можеби е мал, но никој не може со сигурност да знае колкав е делот што се наоѓа под водата.

Дали има начин да дознаеме колкав е овој број? Дали ако го знаеме овој број, здравствените власти би добиле попрецизни насоки и би знаеле поточно какви димензионирани мерки да преземат? За овие прашања, поразговаравме со микробиологот проф. д-р Никола Пановски, како и со епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски.

Според проценките на Д-р Пановски, околу 25.000 лица во државата досега би требало да се во контакт со вирусот, а на 20.000 болеста им поминала.

„Според моите проценки, отприлика има околу 25.000 случаи на Ковид-19 во државата“, вели Пановски додавајќи дека тој лично познава 15 луѓе кои имале болест, а не го поминале алгоритмот за тестирање и не биле тестирани.

„Ние практично ги знаеме само оние кои имаат симптоми и биле тестирани. А има многумина на кои болеста им поминала, има и такви кои имале лесни симптоми, вели Пановски додавајќи дека кога тие би се тестирале сега со стандардните тестови кои откриваат присуство на вирусот (ПСР тестови), тие би биле негативни.

Со тестовите за присуство на антитела (ИГГ), пак, може да се види колкумина го имале вирусот, „но кога процентот на заболени е мал како кај нас, тогаш лажно позитивните ќе бидат повеќе од вистински поизтивните“, додава Пановски.

Тој прогнозира дека вирусот нема да исчезне и ќе биде присутен во текот на целото лето.

„Вирусот ќе биде тука. Меркиве не може вечно да траат. Училиштата ќе работат, градинките ќе работат, болеста ќе се шири, децата ќе ја пренесуваат“, вели д-р Пановски.

Тој очекува летово да има меѓу 5 и 15 новозаразени на дневно ниво. „Во јули и во август може бројот да биде под пет, но секако ќе биде присутен“, смета професорот.

Епидемиологот Даниловски, пак, смета дека не се знае пропорцијата на оние кои немаат симптоми, а го сеат вирусот наоколу и се практично невидливи сејачи на заразата.

„Во една германска студија објавена пред две недели направена е проценка на база на тестирање на општа популација. Имаат проценето дека само 9 отсто од она што е регистрирано во светот, е процент на вкупниот број на позитивни“, вели Даниловски.

Тој потенцира дека со тестирањето треба да се опфати општата популација, било да е тоа таргетирано само на оние т.н. ризични групи или со избор на репрезентативен примерок.

„Тоа може да се изведе со случаен избор од општата популација, вели професорот додвајќи дека тоа би можело да се направи со случајно селектирање на репрезентативен примерок од редните броеви во избирачкиот список.

„Друга прифатлива варијанта, која ја користат во светот, е да одредите места за тестирање и како што поминуваат луѓе, да се тестираат“, вели Даниловски додавајќи дека таков пример постои во Калифорнија, САД.

Според него, друг начин на кој би се тестирало населението е преку матичните доктори, кои самите би земале брисеви од по еден претставник на семејствата што се лекуваат кај нив.

„На тој начин ќе биде опфатена хомогено целата популација, ќе се тестира по еден од семејството. Ако нема толку тестови, може да се тестира секое десетто семејство. Во однос на просторната дистрибуција ќе се обезбеди хомогеност. Цела држава ќе може рамномерно да биде опфатена со тестирање“, вели Даниловски додавајќи дека на ваков начин после првите резултати ќе биде познато каква е дистрибуцијата на позитивни случаи и ќе се има претстава колкав цел од ледениот брег ѕирка над водата.

Според него, ако таквото проучување се прави на одреден период, на пример на два-три месеци, тогаш здравствените власти постојано ќе имаат увид во тоа како изгледа епидемиолошката слика.

„Тогаш не би имале потреба од на слепо прогласување на рестриктивни мерки, туку мерките би биле димензионирани пропорционално на епидемиолошките ризици. Ако ние имаме претстава каква ни е епидемиолошката карта или слика на позитивните случаи и ако таргетирано праќаме екипи да ги изолираат позитивните, тогаш сè ќе е поинаку“, вели д-р Даниловски.

„Тогаш ќе може да се направи и анкета на нивната најблиска околина, да се идентификуваат нивните контакти. Затоа што тие биле невидливи сејачи на вирусот. Мора да се види во кој радиус го прошириле вирусот. Да се пристапи вака е исправно“ смета професорот. / META

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: ВИ

    24 ЧАСА: „Шлаканица“ од Брисел за Мицкоски, сестринските партии го избришаа македонскиот јазик и идентитет од ЕУ извештајот; Обвинителството го амнестира Максим Димитриевски; Кавказ на работ на нов конфликт

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Канта за смет

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Таче се (по)јави, вистина се (по)јави

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ