Театар во режија на ДУИ, а Талат Џафери е добар актер. Вака обвинуваше председателот на Алијансата за Албанците, Зиадин Села, ден откако Талат Џафери ја прекина седницата и не го овозможи одземањето на имунитетот на Трајко Вељановски. Села додаде дека ДУИ и ВМРО се во соработка за да се заштитат меѓу себе.
“Вчера бевме сведоци на театарот што го сервираше ДУИ. На истиот тој Талат не му пречеше кога беше избран за претседател на Собранието. Тој е добар актер и покажа дека не е добар кандидат за прв Албанец претседател на Собранието што јас го платив и со крв. Целта е да се заштити Трајко Вељаноски, но и да се скрие улогата што ДУИ ја имаше во 27 април. Ова е сигнал дека ДУИ и ВМРО си се заштитуваат”, рече Села.
Тој побара предвремени парламентарни избори како решение за да им се даде крај на ваквите игри.