• Latest

Селими: Најмалку што може да се констатира е дека власта веќе го компромитира целиот процес, кој тешко дека ќе резултира со неселективна правда

March 22, 2025

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ

Селими: Најмалку што може да се констатира е дека власта веќе го компромитира целиот процес, кој тешко дека ќе резултира со неселективна правда

March 22, 2025 09:36
in МРЕЖИ И ТРЕНДОВИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Ни се погодило – имаме премиер кој е all-in-one, вели директорот на Демокраси Лаб и аналитичар, Сефер Селими, кој ја анализира состојбата со истрагата за трагедијата во Кочани.

„Премиер, партиски лидер, претседател на младински и женски форуми, портпарол, обвинител, судија, истражител, експерт по судска медицина, па дури и мастер-уредник за медиумско известување.

Најмалку што може да се констатира е дека власта веќе го има компромитирано целиот процес, кој тешко дека ќе резултира со неселективна правда“, вели Селими.

 

  1. Седум полициски службеници под раководство на министерот Тошковски, се во притвор и осомничени дека со свои постапки или непостапување, овозможиле дискотеката да работи најмалку една година незаконски. – Министерот е на слобода, ја води истрагата и ни кажува кој е, а кој не е виновен. (Претходниот министер, патем, никој ни не го споменува.)

  2. Цела година, дискотеката работела со фалсификувана лиценца, од кои 9 месеци под водство на новата „робусна” влада. Во затвор се екс-министерот Бектеши и екс-државниот секретар. Актуелните? Ниту се во радарот на јавноста, а уште помалку земени на распит или поставени во ист контекст со нивните претходници.

  3. Поранешни директори на Пазарна инспекција и Директор за заштита и спасување се во притвор бидејќи наводно дозволиле клубот да работи диво, иако не се на функција веќе 9 месеци. Актуелните директори? Слободни – и дури ја водат “робусната” вонредна инспекција за други објекти.

  4. Тројцата последни градоначалници на Кочани се во притвор – најмалку еден од нив, според самиот Премиер, е „многу добар човек”, и тој лично гарантира за тоа.

Овие јавни пораки, сигурен сум, немаат за цел да влијаат во независноста на истрагата – барем не во неговиот случај… нели, бидејќи самиот Премиер и неговата влада не убедуваат дека обвинителството и судството не си ја вршат како што треба својата работа, и токму затоа граѓаните не им веруваат повеќе од 2%.

  1. Ред други институции (Пазарна, Трудова, Финансиска, УЈП, Транспорт и др.) кои потенцијално носат сериозна одговорност, се кријат зад “фалсификуваната лиценца” што премиерот ја мафташе на прес-конференција – документ кој патем треба да биде доказен материјал во обвинителство, а не во рацете на „кадијата”.

Но, ни се погодило – имаме премиер кој е all-in-one:

Премиер, партиски лидер, претседател на младински и женски форуми, портпарол, обвинител, судија, истражител, експерт по судска медицина, па дури и мастер-уредник за медиумско известување.

Најмалку што може да се констатира е дека власта веќе го има компромитирано целиот процес, кој тешко дека ќе резултира со неселективна правда.

Драги мои, секоја трагедија носи болка за целото општество, создава колективна траума, и доаѓа со најскапо платени лекции. За жал, ние тврдоглаво одбиваме да ги учиме тие лекции – и затоа, тие постојано ни се повторуваат.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ