• Latest

Семејно и групно гласање – традиција која трае

October 18, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Семејно и групно гласање – традиција која трае

October 18, 2017 14:25
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Гласање за целото семејство, особено во име на сопругите, а за повозрасните граѓанки и граѓани и да не зборуваме… Една од вообичаените изборни нерегуларности што никако да се искорени е семејното и групното гласање.

Од над 240 пријави на изборни нерегуларности, ЦИВИЛ адресираше 199 пријави до Државната изборна комисија, а од нив 19 извештаи се однесуваат на семејното и групно гласање, што е околу 10% од сите извештаи за нерегуларности, обработени до 12 часот напладне, на 17 октомври. Кога велиме извештаи, тоа значи дека во нив има најмалку еден случај на семејно и групно гласање.

На изборниот ден, 15 октомври, набљудувачите на ЦИВИЛ имаа податоци кои говореа за оваа појави.

Во Пробиштип, избирачко место 1536, сместено во С.О.У „Наум Наумовски – Борче“ брачен пар гласале заедно зад еден параван. Избирачкиот одбор не реагирал. Набљудувачката на ЦИВИЛ, посочила што се случува. Коментарот на членовите на Избирачкиот одбор бил: „Молчи си, не си отворај работа“.

Во избирачко место 0749, ОУ „Санде Штерјоски“ во Кичево, внукот ја донел баба си на гласање, застанал зад параванот со неа и гласно ја упатувал за кого да гласа.

Сарај е општина во која, меѓу многубројните изборни нерегуларности, се провлекуваат и голем број случаи на семејно и групно гласање.

Во село Ласкарци, општина Сарај,  во избирачките места 2447 и 2447/1 имаме случаи каде синот гласа за мајка си, а Избирачкиот список се носи надвор од избирачкото место таа да се потпише, мажите гласаат за своите жени, лицето Б.А. гласа во име на целото семејство…, а Избирачките одбори без никаква реакција.

Барем во општина Прилеп, избирачко место 1374/1 во О.У „Рампо Левката“, случајот бил пријавен во полиција. Што се случило?

Имено, еден гласач со себе довел поголема група гласачи и додека тие гласале зад параваните, одел од еден до друг и им кажувал за кого да гласа. Членовите на Избирачкиот одбор реагирале, гласачот ги игнорирал и на крај случајот завршил во полиција.

Заклучок?

Семејното и групно гласање, надоврзете го со сериозното нарушување на тајноста на гласање, од една страна и со заканите и притисоците од друга страна, а на тоа додете го оправдувањето кај матичните штабови за сигурно гласање и добивате убаво врамена слика за „традиционалното“ гласање по „сопствена“ волја и убедување.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: изборни нерегуларностисемејно и групно гласањеЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result