Во пресрет на локалните избори во 2025 година, кои треба да ја покажат демократската зрелост и фер натпреварот на политичките субјекти, Движењето Слободни и независни алармира за сериозни повреди на основните принципи на демократијата.
На денешната прес-конференција, активистите го истакнаа следното:
Бојкот на предизборни дебати од страна на ВМРО-ДПМНЕ
Кандидатите на најголемата владејачка партија и нивните коалициски партнери систематски ги избегнуваат дебатите организирани од медиуми и невладини организации. Ова ја ограничува можноста на граѓаните да ги споредат програмите и ставовите на кандидатите и создава впечаток на недостаток на транспарентност.Нефер распределба на државниот фонд за бесплатно рекламирање
Според Движењето, фондот за изборна кампања е распределен на начин кој фаворизира големите партии, оставајќи ги помалите играчи без адекватна медиумска видливост. Ова го нарушува принципот на еднаквост и ја поткопува фер конкуренцијата.Тешкотии за малите партии и независни кандидати да ги презентираат своите програми
Недостапноста на медиумски платформи го ограничува гласачкиот избор и ја намалува политичката плуралност, што директно влијае на легитимноста на изборниот процес.МТВ не организира соочувања за скопските општини и град Скопје
Како јавен радиодифузен сервис, МТВ има обврска да овозможи рамноправно застапување на сите кандидати. Сè уште нема организирано телевизиски соочувања за клучните скопски општини, што активистите го оценуваат како сериозна пропуст.
Движењето најави дека ќе побара итна интервенција од Државната изборна комисија (ДИК), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и други надлежни институции за обезбедување фер услови за сите учесници во изборите.
Движењето Слободни и независни е составено од долгогодишни граѓански активисти, препознатливи преку здруженијата „Но Пасаран“, „Човекот над профитот“ и „Превентива“. Политичкото крило на Движењето е преставено од ПП Работничка партија Скопје.