Меморандум за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Словенија во делот на вработувањето, родовата еднаквост, политиката за социјална и детска заштита, беше потпишан денеска во Скопје.
Од македонска страна меморандумот го потпиша министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, а од словенечка страна министерот за труд, семејство, социјални прашања и еднакви можности Лука Месец.
Министерката Тренчевска рече дека меморандумот е исклучително важен за нас и дека во процесот на евроинтеграции на нашата држава ќе ја добиеме неопходната поддршка од словенечкото Министерство за труд и социјална политика во делот на надлежностите што се заеднички.
Словенечкиот министер Лука Месец истакна дека соработката меѓу двете министерства е особено важна.