• Latest

Северна Македонија не ја доби битката за родова еднаквост ниту во 2024 година

January 6, 2025

24 ЧАСА: „Никогаш Северна“ спласна – 7 години Преспански; На журка кај Баздникин – Стоиљковиќ и МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“; Убиени над 50 Палестинци кои чекаа храна

June 17, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Ердоган: Израел го загрозува своето постоење со секоја крв што ја пролева и со секое злосторство против човештвото што го извршува

June 17, 2025
Џабир Дерала (фото: Рилинд Сулејмани)

Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

June 17, 2025
Фото: Фејсбук на др. Ненад Лазаров

Студентите во блокадата поднесоа кривична пријава против Вучиќ за посетата на повредените од Кочани

June 17, 2025

ДУИ: Од регионална ѕвезда до фактор на изолација – 7 години од Преспанскиот договор

June 17, 2025
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025
Зоран Заев и Алексис Ципрас за време на потпишувањето на Преспанскиот договор во Нивици

Преспанскиот договор, седум години подоцна: Од дипломатски триумф до ризик од враќање наназад

June 17, 2025

Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани

June 17, 2025
прашање на денот преспа

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

June 17, 2025
Ерол Ризаов

Моралната одговорност не се мери на избори

June 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Северна Македонија не ја доби битката за родова еднаквост ниту во 2024 година

January 6, 2025 11:10
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија за првпат во својата историја во 2024 година избра жена за претседател, но годината што ја оставивме зад нас беше обележана со различни проблеми на полето на (не)еднаквоста. И покрај очигледниот напредок, суштинските прашања како што се насилството, дискриминацијата, нееднаквоста, неисполнетите ветувања и многу други продолжија и во текот на целата година. Порталб.мк пренесува дел од главните моменти кои ја одбележаа 2024 година на ова поле.

Избори без решение

Во годината што помина, заедно со претседателските се одржаа и парламентарните избори. Во изборните програми на претседателските кандидати овие теми беа само точки, додека на парламентарните избори беа дадени повеќе ветувања.

2024 година главно ќе биде запаметена како година кога Северна Македонија првпат избра жена за претседател – Гордана Сиљановска-Давкова стана првата претседателка на државата.

Но, ваквиот напредок по изборите не се одрази во Собранието или Владата, каде и понатаму продолжи истата практика на незастапување на жените во овие структури.

Од 120 пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 41 се жени, а од нив 33 се Македонки и 8 Албанки.

Жените се минимално застапени во Владата на Република Северна Македонија – само три жени се на министерски позиции и ниту една од нив не е Албанка. Низок е и бројот на жени на позицијата заменик-министерки.

Политичарките мета на говор на омраза

Сексизмот и говорот на омраза кон жените на јавни позиции, главно кон политичарките, беше многу распространет и поради двојните избори.

Овој проблем беше истакнат и во истражувањето на Националниот демократски институт (НДИ), во кое само во првата половина на 2024 година се идентификувани 3.380 сексистички коментари против жените во политиката, со посебен акцент за време на изборите.

Но, политичарките не беа единствените кои беа мета на дигитално насилство, Платформата за родова еднаквост изрази загриженост за зголемувањето на злоупотребата и нарушувањето на личниот и интимниот простор преку родово базираното дигитално насилство. Експертите предупредија дека родово базираното дигитално насилство добива сè поголеми размери.

Злоставуваните жени принудени да се вратат кај злоставувачот

Во тек на 2024 година  Порталб.мк континуирано известуваше за случаи на семејно насилство и насилство врз жените, како и за институционални прашања на ова поле. Злоставуваните жени кои престојуваат во засолништа во Северна Македонија се принудени да се вратат кај својот злоставувач поради недостаток на финансиска стабилност. Тие имаат потреба од подолгорочно сместување по излегување од прифатилиштата и од финансиска поддршка од соодветните институции.

Во Северна Македонија има четири државни засолништа кои нудат сместување до шест месеци. Исто така, функционираат два кризни центри – едниот за престој од 24 до 48 часа и другиот за згрижување на жртви на семејно насилство до една година.

Секретаријатот за родова еднаквост остана само на хартија

Претходната Влада на Република Северна Македонија не успеа да го формира Секретаријатот за родова еднаквост, иако беше ветен. Работата за предлог-законот за родова еднаквост, во кој е предвиден овој секретаријат, беше прекината, а работната група повеќе од една година не одржала ниту еден состанок. Ниту актуелната власт не даде позитивни сигнали за формирање на овој секретаријат.

Слично како и претходните години, и минатиот 8 Март, Меѓународниот ден на жената беше одбележан со протест под слоганот „Црвена линија: За правата на жените не се преговара!“ и барања за економска, политичка и социјална еднаквост на жените.

Шамарите на ЕУ и САД

Во Извештајот за напредокот на земјата, Европската комисија јасно наведе дека Северна Македонија не постигнала напредок во унапредувањето на родовата еднаквост, без значителни случувања во нејзината национална политичка рамка за интеграција на родовата еднаквост и усогласување со правото на ЕУ.

И во Извештајот на Стејт департментот на САД за човековите права за Северна Македонија, кој ја истакна негрижата на земјава за оваа тема, насилството, заканите, дискриминацијата, говорот на омраза, фемицидот, злосторствата и злоупотребите се зборовите кои најмногу се споменуваат.

Незначителен напредок

И покрај предизвиците и проблемите, борбата за подобра иднина во однос на родовата рамноправност не запре, главно од граѓанските чинители, но и од државните институции.

Државниот завод за статистика во соработка со UN Women ја креираше платформата за родова статистика за да го подобри пристапот до родовите податоци. Но, оваа платформа има информации само на македонски јазик и англиски јазик, но нема податоци и на албански јазик.

На Меѓународниот ден на девојките, пак, беше формирана група за составување на политики за родова еднаквост.

Министерството за одбрана и Националниот совет за родова еднаквост потпишаа меморандум за соработка.

Исто така, на два месеци пред крајот на годината беше објавено дека започнал процесот за подготовка на Стратегијата за борба против родово базираното насилство.

Се одржаа и различни активности, како што се панели, конференции и дискусии.

извор: МЕТА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    510 shares
    Share 204 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    226 shares
    Share 90 Tweet 57
  • УНХЦР: Во светот има 122 милиони насилно раселени лица

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Османи до Мицкоски: Можеш да вреѓаш, да се закануваш, да фрлаш клетви и анатеми, да колнеш, но, ние Албанците не сме гости во оваа земја туку домаќини

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Предлогот од ЛДП за воведување една изборна единица на 53. седница на Собрание

    98 shares
    Share 39 Tweet 25

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ