• Latest

24 ЧАСА: „Никогаш Северна“ спласна – 7 години Преспански; На журка кај Баздникин – Стоиљковиќ и МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“; Убиени над 50 Палестинци кои чекаа храна

June 17, 2025
Автопатот И-25, САД, дел од Пан-Американската магистрала долга 30.000 километри (фото извор: Википедија)

Мини‑делница, макси‑пропаганда

July 15, 2025

24 ЧАСА: Ден на украинската државност – Украина се бори, животот триумфира; Трамповиот ултиматум од 50 дена може да донесе повеќе цивилни жртви; САД најавија нов канал за достава на оружје во Украина

July 15, 2025
Фотографија: Амбасада на Украина

Лариса Дир: Одбележување на Украинската Државност – Украина се бори!

July 15, 2025
Фотгорафија: Скришот EU Debates TV на Јутуб

Калас го поздрави ставот на Трамп кон Русија, но предупреди дека ултиматумот од 50 дена може да донесе уште повеќе цивилни жртви

July 15, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук на Мицкоски

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид со лажица, кампањата на Мицкоски со багер

July 15, 2025
Донации од хумани граѓани и компании (Фото: SupportKocani)

SupportKocani ја реализираше донацијата за Универзитетската клиника за пластична хирургија во Скопје

July 15, 2025
Фото: ВИ

ГРЕКО бележи напредок на Северна Македонија во спроведувањето на препораките за спречување на корупција

July 15, 2025
Фотографија: Б. Ј./ЦИВИЛ

ДЗР: Системски слабости во начинот на управување со донации; 4 партии не го испочитувале рокот за однесување на финансиските извештаи

July 15, 2025

Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

July 15, 2025
Volodymir Zelenskyy, adressing the ukrainian nation on the Day of Ukrainian Statehood
Source: screenshot from the video of president.gov.ua

Обраќање на претседателот Володомир Зеленски по повод Денот на Украинската Државност

July 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: „Никогаш Северна“ спласна – 7 години Преспански; На журка кај Баздникин – Стоиљковиќ и МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“; Убиени над 50 Палестинци кои чекаа храна

June 17, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Од модел на регионален успех до договор кој е загрозен од политичка деградација – вака денес се опишува Преспанскиот договор, седум години по неговото историско потпишување во јуни 2018 година меѓу Северна Македонија и Грција.

Она што некогаш се сметаше за еден од најуспешните примери на храбра дипломатија на Балканот, денес е под притисок од новите политички случувања во Скопје, каде актуелната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, според Демократската унија за интеграција (ДУИ), ги загрозува стратешките цели на договорот и евроатлантската ориентација на земјата.

„Пред седум години, Преспанскиот договор означи историска пресвртница за Република Северна Македонија. Тоа беше чин на визија и државна храброст што не само што го отвори патот за членство во НАТО, туку и ја постави земјата на вистинската страна од историјата, во срцето на евроатлантската заедница. Преспа ја трансформираше земјата во регионален пример за решавање на сложени прашања преку дипломатија и го воспостави Скопско како платформа за дијалог и стабилност низ целиот Балкан. Но, денес, седум години подоцна, сме сведоци на најсериозната девалвација на тој капитал“, се наведува во соопштение на ДУИ, на годишнината од  потпишувањето на преспанскиот договор.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Мицкоски најавува решение за ублажување на растот на цените на прехранбените производи

Се консултираме со екпертската јавност, следиме што се случува со однесувањето на трговците, производителите, дистрибутерите и на ланците на трговци така што ова е еден сериознен процес во којшто сериозно навлегување и мислам дека многу скоро ќе излеземе со предлог решение, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања.

РЕГИОН

Наташа Кандиќ им порача на српските „Блокадери“ на Видовдан да положат цвеќе на гробовите на 75 деца од Косово во гробницата во Батајница

СВЕТ

Над 50 Палестинци убиени чекајќи камиони со хуманитарна помош

Според Министерството за здравство на Газа и локалната болница, најмалку 51 Палестинец беа убиени, а повеќе од 200 беа ранети во Појасот Газа додека чекале камиони на ОН и комерцијални камиони да влезат на територијата со очајно потребна храна, јавува Вашингтон Пост. 

ФОРУМ

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: 7 години Преспански – кои се придобивките?

САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ со Дехран Муратов и Џабир Дерала за автобускиот „превоз“ на национализмот, судскиот триумф на Мицкоски и Тошковски против Дерала, како профитираат политичарите од Газа и други прашања.

ДУПЛО ЕСПРЕСО со Драган Мишев и Џабир Дерала

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не е доволно она, би рекле „на Миле му текна“ што како модел на владеење го имаме од Груевски во партијата која победи на последните избори.

Дали е ова одговорно институционално решение или само евтин пи-ар?

Веќе еднаш пишав – кое е тоа место каде треба да се пресели цел град?

И знаат ли тие „на кои им текна“ дека – на пример – на оние кои ќе одат на рехабилитација таму не смее да ги касне комарец или да се појават на сонце, а камо ли да влезат во шума каде крвопијците ги има во роеви…“, пишува Љубомир Костовски во анализата „Има ли комарци на Пониква?“.

*

„Стоиљковиќ беше единствениот владин претставник ( иако не се знае во кое својство бил таму, службено или приватно) во друштвото со домаќинот, амбасадорот на Руската федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин, амбасадорите на Кина, Србија, БиХ, но и амбасадорот на уште една членка на НАТО, Турција, но и со голем број локални русофили.

Настанот, за чудо, не беше „достојно“ претставен во македонските медиуми и по социјалните мрежи, дури ни Стоиљковиќ не објави за своето присуство на настанот на својот Фејсбук профил, иако претходно се пофали како полага цвече со лента во боите на српското знаме на 9 мај, Денот на победата, во присуство на рускиот амбасадор“, пишува Драган Мишев во колумната „Потпретседателот на Владата Стоиљковиќ и врвот на МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“ на забавата кај Баздникин“.

*

Повеќе од две години бев предмет на политички мотивиран судски процес, покренат од Христијан Мицкоски – тогашен лидер на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, а сега премиер на Република Северна Македонија. Тужбата се однесуваше на текст што беше преземен од други медиуми. Судскиот процес го водеше лично неговиот близок соработник и денешен министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Ова не е изолиран случај. И не е единствен. Стратегијата е иста – да се замолчи критичката мисла преку институционален прогон“, истакна Џабир Дерала во својата изјава „Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок“!

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • фото: ФБ с. Батинци

    Во скопско Батинци е убиен Агим Мухареми, припадник на АРМ

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Хиперсоничниот удар на Русија со „Кинжал“ врз украинска воздухопловна база повторно неуспешен

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Иноватори, локалци и други приказни за големи деца

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Премиере, кочи малку оти ќе се тумбаме

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Опера и Балет и Филхармонија беа затворени тврдини за Албанците, по 30 години, ВЛЕН го сруши ѕидот на дискриминацијата

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ