• Latest
Фото: монтажа од скриншоти од Фејсбук профилот на руската амбасада во Северна Македонија

Потпретседателот на Владата Стоиљковиќ и врвот на МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“ на забавата кај Баздникин

June 17, 2025
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Потпретседателот на Владата Стоиљковиќ и врвот на МПЦ-ОА дел од „рускиот свет“ на забавата кај Баздникин

June 17, 2025 11:34
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фото: монтажа од скриншоти од Фејсбук профилот на руската амбасада во Северна Македонија

Фото: монтажа од скриншоти од Фејсбук профилот на руската амбасада во Северна Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Потпретседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, на 12 јуни присуствуваше на приемот по повод Денот на Русија во амбасадата на Руската Федерација во Скопје. Општо познао е, а тој тоа и не го крие, напротив, се гордее дека е спона помеѓу Македонија, или поточно кажано, Владата на Христијан Мицкоски и ДПМНЕ со „српскиот свет“ и „рускиот свет“.

 

потпретседателот на Владата, министерот за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ со рускиот амбасадор Баздникин на приемот по повод Денот на Русија. Фото: Фејсбук на руската амбасада во Северна Македонија

Стоиљковиќ беше единствениот владин претставник ( иако не се знае во кое својство бил таму, службено или приватно) во друштвото со домаќинот, амбасадорот на Руската федерација во Северна Македонија, Сергеј Баздникин, амбасадорите на Кина, Србија, БиХ, но и амбасадорот на уште една членка на НАТО, Турција, но и со голем број локални русофили.

Настанот, за чудо, не беше „достојно“ претставен во македонските медиуми и по социјалните мрежи, дури ни Стоиљковиќ не објави за своето присуство на настанот на својот Фејсбук профил, иако претходно се пофали како полага цвече со лента во боите на српското знаме на 9 мај, Денот на победата, во присуство на рускиот амбасадор.

Освен од ДУИ, изостанаа реакциите од останатите политичките партии. За владините коалициони партнери до некаде е разбирливо, иако и тие се обврзаа да ги штитат националните интереси јасно утврдени со зачленуваето во НАТО за заштитата од руски манипулации и малигни влијанија, но зошто молчи македонската опозиција?

Во владата молк за излетот на нивиот вицепремиер и долгогодишен коалиционен партнер, дури и премиерот Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање дали ваквото однесување на Стоилковиќ може да не попречи во билатералните односи со западните земји, ноншалантно, како да го прашуваат за ланскиот снег, а не за стратешко прашање за земјата, одговори.

„Ставот на Владата околу руската агресија е многу јасен, непроменет и прецизен, истотака и присуството на Изет Меџити во Одеса е јасна потврда, такa што, не би требало никој да има апсолутно никаква дилема“.

Значи тоа е соломонското решение, еден потпретседател со Украина, еден со Русија. Како во 40-есетите години во Србија за време на Втората светска војна: едниот син во четници, другиот во партизани. Испадна дека се во право, откако во Србија ги изедначија придонесите за победата во војната на четниците и партизаните.

Покрај Стоилковиќ, на „бацирака“ кај рускиот амбасадор се истопори и целата свита „великодостојници“ на МПЦ ОА ( wanna be Московска патријаршија), од Архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија Неговото Блаженство г.г. Стефан, Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар, Митрополитот Тетовско-гостиварски Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски Григориј, преку новопоставениот „прекуред“ Митрополит Дебарско-кичевски Георгиј, па до Епископот Хераклејски Климент.

Врвот на МПЦ ОА во друштво на рускиот амбасадор Баздникин. Фото: Фејсбук на руската амбасада во Северна Македонија

На настанот присуствуваа и пратениците на Собранието, левичарите Сашко Јанчев и Јована Мојсоска и членот на Демократска партија на Србите, Драган Недељковиќ. Сосема очекувано, иако беше мало изненадување што не се појави целата пратеничка група на отворено најрусофилската партија во Македонија, со погрешно име „Левица“.

Од дипломатскиот кор, би се рекло стандард: амбасадорката на Србија Невена Јовановиќ, амбасадорот на Босна и Херцеговина Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на Казахстан Сатибалди Буршаков, вршителот на должноста амбасадор на Кина Су Леи, вршител на должноста на амбасадор на Катар Рашид Саид Ал Хаjарин, а (во светло на долгогодишното „шурување“ на Ердоган со Путин) се појави и Амбасадорот на Турција, Фатих Улусој.

Дел од гостите на приемот на руската амбасада по повод Денот на Русија. Фото: Фејсбук на руската амбасада во Северна Македонија

Од домашните путинољупци, тука беа неизбежниот Велимир Стојковски, почесниот конзул на Русија во Охрид, Стефан Влахов Мицов, Јове Кекеновски, Сотир Костов, претставници на општини, членови на политички партии, академици и научници, јавни и културни дејци, претставници на руски компании во Македонија, моторџии, домашни бизнисмени, здруженија за македонско-руско пријателство, неколку медиуми…

При вакво „сотрудничество“, човек просто да не поверува дека земјава е членка на НАТО и (според однесувањето на владата, сé помалку) претендент за членство во ЕУ, и Русија ја прогласи за непријателска држава, и како таква за легитимна цел.

Колективна распаљотка.


 

Текстот е личен став на авторот
Tags: Иван СтоиљковиќМПЦ- ОАруски светрускиот амбасадор Сергеј Баздникинсрпски свет
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ