• Latest
Фото: МВР

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025

ChatGPT, Claude и Grok имаа истовремени прекини: Што се случи на 3 септември

September 6, 2026
The Europe House, London, photo by European Commission

Украина и иднината на Европа: Украински, британски и европски парламентарци се среќаваат во Лондон

September 6, 2026

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ

РЕАКЦИИ: Огромно НЕ на министерот Тошковски, граѓаните веруват дека стапката на криминал не е намалена, напротив, таа е зголемена

June 17, 2025 14:53
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ТОП 5, ФОРУМ
Фото: МВР

Фото: МВР

Share on FacebookShare on Twitter

Министер за внатрешни работи Панче Тошковски се пофали дека МВР, со него на чело, успеале да ја намалат стапката на криминалот на државата и колку Македонија сега е безбедна држава и дека македонските граѓани прават разлика од тоа како било претходно, а како е сега.

Редакцијата на ЦивилМедиа, вчера во редовниот термин го постави „Прашањето на денот: Дали верувате дека стапката на криминалот е намалена?“

Најголемиот број граѓанки и граѓани одговорија кратко и јасно: НЕ!

Исто така голем број читатели сметаат дека, наспроти тврдењето на министерот Тошковски, стапката на криминалот не само што не е намалана, туку напротив, таа е зголемена.

Има и читатели кои на одговорот се обиделе да му додадат хумористично/сатиричен призвук, со доза на иронија:

• Ако си слеп и се правиш дека не гледаш да…зависи како ти гледаш…
• Зголемена да намалена не ,и лсгите се дел од криминалот со лажењето се подржува крижиналот
• Стапката на криминал е зголемена во влада за 105,5%
• Само во умот на Тошковски е намален
• Каде тоа? Ако е прашањето за Македонија добар виц нема што
• Веруваме,ЛОПОВИТЕ сега се во ВЛАДА
• Стапката, можеби е намалена, хахаха, што е тоа “стапка”, но криминалот не може да биде намален затоа што криминалот е начин на живот во Нордот, култура, криминалот не се само пљачките и убиствата, туку и опеаноста на тие дела во широките народни маси. Кои исто така се криминализирани!
• Верувам, нема више кафе со кој да се напиеш, пред затвор треба да чекаш да излезе некој кафу за попит
• Аве Панче, моритури те салутант, за нула стапка, што, по малку е ненормално, денеска одев пешки од Аеродром до Ѓорче, не се препнав од ниту еден убиен човек, опљачкан или макар искасапен, жена нема никој силувано или претепано од мај месец, еве, има повеќе од година, треба малку да олабавиш со борбата, криминалот има и свои добри страни, па вие во вмро тоа најдобро го знаете, ја зголемува претпазливоста на човекот, концентрацијата, имагинацијата, го збогатува, вака можат луѓето ептен да се олабават, а тоа не е добро, сите знаеме дека националните интереси ни се сардисанк и од неокомунистите и од дуистите и од надворешниот непријател.

Редакцијата на ЦивилМедиа, ги охрабрува граѓанките и граѓаните да дадат свои одговори, пораки и сугестии на прашањата на денот. ЦИВИЛ  и е простор во кој секогаш можат да се обратат со свои прашања, коментари, споделување искуства, критики или пофалби.

Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.

М. Д.

Tags: МВРПанче Тошковскистапка на криминал
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ