• Latest
Фото: Транспаренси Интернешнл

Северна Македонија нема напредок во борбата против корупцијата

February 10, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
РУСКИ ТЕРОР ПРОТИВ ЦИВИЛИТЕ: Кијив, 6 јули 2026 (фото: ДСНС Кијив)

Кијив преживеа уште една ноќ на масовен руски терор: Најмалку 11 загинати и 46 повредени цивили во напад со ракети и дронови

July 6, 2026

250 години и еден ден

July 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Пропагандни лудаци

July 5, 2026

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home (АНТИ)КОРУПЦИЈА

Северна Македонија нема напредок во борбата против корупцијата

February 10, 2026 18:19
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ВЕСТИ, ТОП 5
Фото: Транспаренси Интернешнл

Фото: Транспаренси Интернешнл

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија годинава го зазема 84. место од 182 држави на Индексот за мерење на корупцијата (ИПК) на „Транспаренси интернешенел“ за 2025 година. На скалата од 0 (најкорумпирана) до 100 (најмалку корумпирана), земјата и годинава бележи 40 поени како и лани,  што значи дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата .

Додека голем број држави од регионот имаат надолен тренд, Северна Македонија ја дели позицијата со Бугарија, Буркина Фасо, Куба, Гвајана и Унгарија. Во извештајот во 2025 земјава беше 88. Најдобар резултат последнава деценија имаше во Индексот објавен во 2024 кога со 42 поени Македонија беше 76 на листата.

„Ова укажува дека нема суштински напредок во борбата против корупцијата. Земјата повторно покажува константа — почетна точка од која реформи треба да тргнат кон подобрување. Формално, Македонија оваа година е позиционирана четири места повисоко (84. позиција), што укажува дека лани имала подобри резултати од уште четири други држави, а не дека е постигнат вистински напредок“, посочуваат од Транспаренси Интернешнл – Македонија.

Клучните системски проблеми остануваат: неуспешните и недовршени реформи во судството и обвинителството, кои и понатаму не обезбедуваат ефикасен, независен и одговорен правосуден систем. Дополнителен удар врз довербата беше и случајот поврзан со поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, што сериозно го наруши кредибилитетот на институциите задолжени за борба против корупцијата.

Загрижува и нетранспарентниот процес на изготвување на измените на Кривичниот законик, како и самата содржина на измените, кои не само што не ја зајакнаа антикорупциската рамка, туку ја ослабнаа во одредени делови. Исто така, и понатаму не се донесени новиот Закон за укажувачи, ниту измените на Законот за спречување на корупција и судир на интереси — два клучни закони за ефикасна борба против корупцијата.

„Овие резултати испраќаат јасна порака: без вистинска политичка волја, транспарентни процеси и отчетни институции, Северна Македонија ќе остане заглавена во стагнација. Борбата против корупцијата мора да стане врвен државен приоритет, а не само декларативна заложба“, велат од ТИ-Македонија.

31-вото издание на Индексот на перцепција на корупцијата (ИПК) на Транспаренси Интернешнл прикажува загрижувачка слика на долгорочен пад на лидерството во справувањето со корупцијата, со ограничени знаци на напредок.

Во регионот, полошо рангирана од Македонија е Албанија, која бележи пад и се наоѓа на 91. место со 39 поени. Најдолу од регионот се Босна и Херцеговина (109. место) и Србија (116. место со 33 поени).

На врвот на Индексот повторно се земји со традиционално ниска корупција, но годинава никоја не достигна 100 поени, што упатува на глобално влошување. Па така, Данска и понатаму е на врвот, но со 89 поени, потоа следи Финска (88), Сингапур е трети (84) и Нов Зеланд (81) е на четвртото место.

Украина, која е четврта година во војна е рангирана на 104 место, со 36 поени, додека државата ахресор, Русија, е на 152 место со 22 поени.

На дното се држави со конфликти, ограничени слободи и слаби институции: Јужен Судан (8), Сомалија (9) и Венецуела (10 поени).

Во Јужна и Централна Америка, годините на неактивност на владите во справувањето со корупцијата ја ослабнаа демократијата и дозволија раст на организираниот криминал, со сериозни влијанија врз човековите права и безбедноста.

Источна Европа и Централна Азија остануваат едни од регионите со најниски резултати во светот, со широко распространета неказнивост за корупцијата, водена од личните интереси што доминираат во повеќето влади и нивните институции.

Слабата демократија во поголемиот дел од Потсахарска Африка – понекогаш поврзана со вооружени конфликти, несигурност и ескалирани граѓански немири – продолжува да го поткопува управувањето, економската стабилност и напорите за развој.

Владите на Блискиот Исток и Северна Африка сè уште не успеваат да се справат со корупцијата во јавниот сектор, што одразува недоследна посветеност на лидерите и слабост на институциите што треба да ја повикуваат власта на одговорност.

 

М. Д.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ