• Latest

Северна Македонија заедно со шест држави членки на ЕУ ќе реализира тригодишен проект за знаења во зелена и дигитална транзиција

August 27, 2024
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025

Мицкоски очекува 59 градоначалници по завршување на вториот круг од локалните избори

October 25, 2025

Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

October 25, 2025

Најголемиот американски воен брод, авиони, беспилотни летала и маринци се распоредуваат околу Венецуела

October 25, 2025

Камала Харис: Можно е повторно да се кандидирам за претседателка на САД

October 25, 2025

Религијата како оружје

October 25, 2025

Урсула фон дер Лајен: ЕУ развива план за намалување на зависноста од критични суровини од Кина

October 25, 2025

Турција најверојатно ќе биде исклучена од планот за стабилизација на Газа по противењето на Израел

October 25, 2025
Фото: Х

Литванија ги затвори аеродромите и граничните премини со Белорусија поради временските балони

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија заедно со шест држави членки на ЕУ ќе реализира тригодишен проект за знаења во зелена и дигитална транзиција

August 27, 2024 14:29
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТЕХНОЛОГИИ
Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија заедно со Португалија, Шпанија, Италија, Холандија, Германија и Грција ќе реализира тригодишен проект за знаења во зелена и дигитална транзиција „SEBCoVE – Smart Electricity for Buildings” финансиран од Европската комисија со вкупен буџет од три милиони евра.

На панелот што се одржа денеска во Стар Дојран и со кој беше означен почетокот на проектот во нашата држава, покрај партнерските организации на SEBCoVE проектот- Центарот за Развој на Југоисточниот Плански Регион, Сојуз на Стопански Комори на Македонија и Емкице КИЦ, учествуваа и министрите за јавна администрација, Горан Минчев, за локална самоуправа, Златко Перински и за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, како и претставници на повеќе амбасади во земјава, еменентни професори од земјава и странство и градоначалници од Југоисточниот плански регион.

Според министерот за јавна администрација Горан Минчев, спроведувањето на овој проект нуди можност за подобрување на стандардите на јавниот сектор преку интегрирање на нови, напредни компетенции во обуката и образованието на работниците.

 

– Еден од нашите приоритети е целосна поддршка на процесот на едукација и обука на јавната администрација. Обуката на нашите вработени е критична за успешно управување со новите дигитални алатки и решенија. Ние ќе се фокусираме на организирање квалитетни и ефективни обуки кои ќе овозможат вработените во јавниот сектор да бидат подготвени за предизвиците кои ќе произлезат од дигиталната ера, истакна министерот Минчев.

За министерот за дигитална транасформација, Стефан Андоновски, присуството на тројца министри од Владата е доказ дека централната власт не заборава на локалните иницијативи и ги поддржува.

– Овој проект освен за градежништвото има и многу големо значење за дигиталната трансформација на државата. Како Министерство за дигитална трансформација и Влада наш сериозен фокус е дигитализацијата во сите области на живеењето, затоа што градбите се управувуваат со се посложени системи, тие градби не се само асфалт, цемент, бетон и арматура, тие се паметни системи на управување, системи на ладење и затоплување, кои се управуваат преку интернет, тоа се системи кои се управуваат преку сензори и овие модерни згради денес се многу повеќе од една обична градба и се значајни за нашите животи, кои се повеќе и повеќе се дигитални, рече Андоновски.

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, потенцираше дека процесот на дигитализација се движи напред и може да направи позитивни промени во развојот на општините, но и на државата.

– Очекувам овој проект, во кој покрај нашата и учествуваат уште шест земји членки на ЕУ, да даде силен импулс за попаметен и побрз раст и развој и нови вештини и знаења. Гаранција за одржливоста на проектот во нашата држава е јасно изразената политичка и стратешка определба, и на централно и на локално ниво. Локалната самоуправа, којашто обезбедува важни услуги за граѓаните, е важна алка во тој процес, истакна министерот Перински.

Претседателот на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, Славе Андонов, истакна дека овој регион е препознатлив по своите богати природни ресурси, но и енергетски потенцијали, но се соочува со предизвици кога станува збор за одржливиот развој и дигиталната трансформација.

Инаку, партнерите на проектот се едни од најдобрите во нови технологии и за дигитална транформација во ЕУ со локалните власти, а учесниците на настанот од K4I и Archers се think-thank во Европскиот парламент со ЕУ пратениците и ЕУ комесарите.

Дополнително на настанот учествува и директорот на Тесла Научниот центар од Њујорк (Tesla Science Center New York) и претседател на асоцијација на акцелератори и инвеститори во дигитални технологии на градот Њујорк.

Мотото на проектот е „Тригалници на знаењето“, кој подразбира трипартитна соработка на академскиот, јавниот и приватниот сектор е концептуална рамка щто ја претставува интеракцијата и интеграцијата на три клучни комппоненти: образование, истражување и иновации. Овој модел ја нагласува меѓусебната поврзаност и меѓусебното зајакнување на овие елементи за да се поттикне економскиот раст, општествениот напредок и создавањето економија базирана на знаење, пренесе МИА.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ