• Latest

Шахпаска и Царовска на завршната конференција „Зајакнување на  политиките и спроведување на националните стратегии за вработување, образование и социјално вклучување“

December 16, 2021

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска и Царовска на завршната конференција „Зајакнување на  политиките и спроведување на националните стратегии за вработување, образование и социјално вклучување“

December 16, 2021 14:51
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Воведувањето на дигитални јавни услуги овозможува директно поврзување, не само меѓу министерствата, туку и меѓу министерствата, институциите и граѓаните, при тоа се зголемува ефикасноста на давање на јавни услуги, се намалуваат и скратуваат бирократските процедури, а од друга страна се намалуваат и можностите за корупција, истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на денешната завршна конференција на тема „Зајакнување на  политиките и спроведување на националните стратегии за вработување, образование и социјално вклучување“, преку имплеменација на ИПА проектот „Подобрување на квалитетот на податоците и зајакнување на економските политики”, финансиран од ЕУ.

Таа порача дека квалитетот на институциите и ефикасната јавна администрација претставуваат клучен и одлучувачки фактор кога се говори за економската и општествената благосостојба во една земја.

– Со електронското поврзување и со размена на податоци на корисниците на ГМП, кое е овозможено со овој проект и е во насока на подобрување на меѓуинституционалната соработка и конечно на обезбедување на поефикасни, квалитетни и навремени услуги на граѓаните. Благодарение на оваа електронска размена којашто се остварува со воспоставените веб-сервиси меѓу центрите за социјална работа и Агенцијата за вработување досега се изготвени индивидуални планови за активација на околу 1100 корисници на гарантирана минимална помош, нагласи Шахпаска.

Министерката посочи дека соработката преку системот за интероперабилност претставува важен чекор за брза и ефикасна дигитална трнасформација на јавните услуги.

– Со олеснетиот пристап на МТСП до податоците на Агенцијата за вработување се поедноставува следењето на политиките и мерките за вработување, како и сите неопходни прилагодувања за да се одговори на потребите на пазарот на трудот, рече Шахпаска.

Таа посочи дека со развиените веб-сервиси и алатки за податоци овозможено е поврзување не само на актуелните, туку и на базите на податоци преку платформата за интероперабилност и електронска размена меѓу сите институции. На овој начин, како што истакна Шахпаска, ефикасноста на институциите е подобрена, а резултатите и потребите на граѓаните полесно се адресираат.

– Инвестициите во дигитализацијата се неопходни и суштински ако сакаме да изградиме општество коешто ќе ги следи современите светски меѓутоа, пред се, европски текови. Затоа е неопходно да се воспостави на сите нивоаво сите институции, со една единствена цел да го олесни пристапот на граѓаните кон нив, заклучи Шахпаска.

Министерката за образование и наука Мила Царовска честита за успешноста на проектот и посочи дека е значаен за сите во Владата.

– Нашата држава нема многу искуств. ниту историја на креирање политики врз основа на докази и податоци, а политиките кои не се базирани на податоци, анализи и докази не може да очекувате да дадат резултати, што укажува дека навистина овој проект за воспоставување систем за размена на податоци меѓу клучните институции и тие податоци да бидат понатаму користени за креирање и следење на донесените политики и какви се нивните ефекти, е значаен, рече Царовска.

Таа се заблагодари на делегацијата на ЕУ во земјава која, преку сите програми кои што ги спроведува и финансиски ги поддржува има можност да влијае директно на подобрување на сите општествени сфери во државата, а со тоа ја подготвува нашата држава побрзо и поедноставно да се приклучи кон европското семејство или да ги постигне стандардите кои што ги имаат европските држави.

– Одговорно тврдам дека податоците кои ги има Министерството за образование и наука денес се подобри благодарение на сите системи коишто се внатре поставени, но не само што податоците се подобри и поверодостојни, туку и нивното поврзување со другите институции и податоците од другите институции се од курицијално значење за да можеме да добиеме следење на развојот на учениците коишто се од основно, средно, дел од нив завршуваат на пазарот на труд, дел одат во високо образование, а со тоа државата може понатаму да го планира својот човечки потенцијал затоа што економскиот развој и раст на државата директно зависи од потенцијалот којшто се создава во училиштата, потенцираше министерката за образование и наука.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ