• Latest

Шахпаска: Околу 5.000 деца Роми се вклучени со проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“

July 5, 2021

24 ЧАСА: Рускиот амбасадор осуетен да ја присвои функцијата „декан на дипломатскиот кор“ во земјава; уапсен убиецот на Чарли Кирк; кандидат за градоначалник на Скопје трча кон Москва

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Велика Британија го отпушти амбасадорот во САД, Питер Манделсон, поради врски со Епштајн

September 12, 2025
фото: скриншот Х

Уапсен осомничениот за убиството на Чарли Кирк

September 12, 2025

Најчесто поставувани прашања поврзани со практични аспекти на изборниот мониторинг на ЦИВИЛ (1)

September 12, 2025

Јаневска и Мицкоски со кратки нозе

September 12, 2025

САД го суспендираат планираниот стратешки дијалог со Косово поради активностите на привремената влада

September 12, 2025

Жестока реторика и меѓусебни обвинувања: Се заоструваат изборните судири меѓу партиите на Албанците во Чаир и Тетово

September 12, 2025
Фото: Скриншот од видео на ONT TV Channel

Белорусија и Русија започнаа заеднички воени вежби „Запад-2025“, по маневрите во 2021 започна целосна инвазија на Украина 

September 12, 2025

Амет: Ромите не се проблемот на Скопје, туку дел од решението и промените што треба заедно да ги донесеме

September 12, 2025
ОЈО/ Фото Б. Ј., ЦИВИЛ

Обвинителство за Онкологија 2: Васев и Нухи не постапувале во интерес на пациентите, туку во свој личен и интерес на приватни компании

September 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Шахпаска: Околу 5.000 деца Роми се вклучени со проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“

July 5, 2021 18:12
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Развојот на интелектуална љубопитност, истрајностa, социјалните вештини и емотивната стабилност во текот на детството се подеднакво важни за успехот на децата во доживотното учење, социјалната интеграција, личниот развој и подоцна, при вработувањето“, изјави министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, на денешниот завршен настан за постигнатите резултати од проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“.

Целите на овој проект од значење на ромската популација, беа: отстранување на бариерите за пристап до предучилишни установи на децата Роми на возраст од 3 до 6 години, инклузија и нивна социјализација и зајакнување на свеста кај нивните родители за важноста на раниот детски развој и образованието.

Шахпаска информираше дека во изминатите 15 години од имплементацијата на проектот, во него бесплатно биле вклучени околу 5.000 деца Роми од 20 општини, а за таа цел биле ангажирани 20 негувателки-Ромки, како и 17 медијатори во соработка со градинките, негувателките и проектниот тим.

„Ромските деца не се сместени во сегрегирани групи во градинките, туку во интегрирани, заедно со другите заедници во Северна Македонија. Ова е уште еден доказ дека градиме општество еднакво за сите“, истакна министерката.

Проектот „Инклузија на деца Роми во предучилишно образование“ во учебната 2020-2021 година беше имплементиран во 20 општини, беа опфатени 120 деца, бројка која ќе беше далеку поголема, ако не беше ковид пандемијата.

„Она што во 2006 година започна како проект, денеска е една успешна јавна политика. Образованието е клучен предуслов за целосна интеграција и инклузија на ромската популација“, истакна директорот на Ромскиот едукативен фонд, Реџепали Чупи.

Соработката со Ромскиот Едукативен Фонд и имплементацијата на овој проект продолжува и оваа учебна година, 2021/2022, со вклучување и физичко присуство на 400 деца Роми.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    137 shares
    Share 55 Tweet 34
  • (ВИДЕО) AA: Србија денес ја прогласи Северна Македонија за српска територија, Владата го одобри тоа со присуство на вицепремиерот Стоилковиќ

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Зависна независност

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ