• Latest
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Шахпаска: Сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство

November 25, 2020
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шахпаска: Сите ние, не 16 туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство

November 25, 2020 12:42
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Јагода Шахпаска, извор: МТСП

Share on FacebookShare on Twitter

За да се овозможи соодветен одговор на сите форми на насилство врз жени и девојчиња потребно е спроведување сеопфатна политика за борба против насилството, политики кои ќе бидат елемент на демократското и транспарентно владеење, кое ја чини суштината на владеење на правото.Токму затоа како Министерство посветено работиме за подобрување и креирање национални политики, превенција и заштита на жртвите на насилство.

Ова денеска го истакна министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска на онлајн настанот „Нулта толеранција за насилството врз жените и семејното насилство“. Организатор на настанот е Министерството за труд и социјална политика по повод одбележување на Меѓународниот ден за борба против насилство врз жените – 25 ноември.

Шахпаска, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), порача сите ние, не 16  туку 365 дена да работиме на прашањето на насилството, родово-базираното и семејното насилство.

– Овој ден не треба да се чествува, затоа што ние не празнуваме, туку ја подигнуваме светста на целото општество за борбата која не треба да трае само во престојните 16 дена активизам,туку борбата против насилството врз жените,  родово базираното насилство и семејното насилство е наша обврска како граѓани, носители на одлуки, политичари, како општество да трае во континуитет, истакна министерката Шахпаска.

Таа се осврна на историскиот момент на жената во семејството, родовите стереотипи, подредената позиција на жената и доминацијата на мажот кога се работи за функционирањето на семејството како основна општествена клетка. Потенцираше дека потпишаната ратификација на Истанбулската конвенција во 2017 година значи и преточување на одредбите во законско решение, всушност тоа е и суштината на новиот Закона за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство, кој е во собраниска процедура.

-Очекувам низ една широка, транспарентна дебата заедно и власта и опозицијата, да ја отвориме расправата на овој закон, затоа што насилството не препознава општествен или имотен  статус, ниту верска или политичка определба.Тоа е реалноста за која сите отворено треба да говориме, да превенираме и заштитиме, истакна Шахпаска.

Министерката Шахпаска, како што се наведува, зборуваше и за значењето на новиот Предлог- закон, кој во себе вклучува превенција, механизми на спречување и зштита од насислтво, но исто така и санкции за непостапување со должно внимание и за институциите, во спротивно жртвата има можност да поднесе тужба за непостапување  и се однесува на сите кои се вклучени во процесот за реагирање при насилство како Министерството за труд и социјална политика, Министерството за здравство, Министерството за образование и наука, за внатрешни работи, Органите на државна управа, се до единиците на локална самоуправа.

Како што соопшти МТСП, на настанот покрај министереката Шахпаска, учествуваа и министрите за образование и наука, за здравство и за внатрешни работи Мила Царовска, Венко Филипче, Оливер Спасовски, државниот секретар на МП Тасевска и претставници од меѓународните и граѓански организации, Росана Дуџиак, (UN Resident coordinator), Весна Ивановиќ Кастареде(UN WOMEN), Уранија Пировска од Хелсиншки комитет, Елена Димушевска, Национална мрежа против насилство врз жените и останати учесници. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ