“Со тоа што сами ги скративме трошоците за пратениците покажавме дека сме спремни да подржиме и скратење на другите привилигии со цел повеќе пари да останат кај граѓаните”, изјави пратеничката на СДСМ, Јагода Шахпаска, на денешната прес конференција на новинарското прашање дали се прифатливи барањата на ЦИВИЛ за укинување на привилегиите на функционерите. ЦИВИЛ својата прес конференција ја одржа нешто пред 12 часот, пред Собранието на РСМ и ги поднесе барањата во паратеничкиот дом.
Што се однесува до прес конференцијата на Шахпаска, таа се однесуваше на третото читање на повеќе закони што по блокадата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов, се вратија на гласање во Собранието.
„На вчерашната седница во трето читање изгласавме низа закони, меѓу кои и Законите за прекинување на бременоста, за спречување и заштита од дискриминацијата, Законот за Судскиот совет, за коишто Иванов спротивно на Уставот не сакаше да ги потпише указите за нивно прогласување… Овие закони се само дел од реформите што ќе следуваат во наредниот период“, изјави таа на прес конференцијата.