• Latest

Шаќири: Надлежните институции ќе ги проценат потенцијалните ризици од употребата на „Тик-ток“ од учениците

May 8, 2023
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шаќири: Надлежните институции ќе ги проценат потенцијалните ризици од употребата на „Тик-ток“ од учениците

May 8, 2023 11:56
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

МОН ќе има состаноци со надлежни институции кои треба да проценат кои се ризиците од употребата на мрежата „Тик-ток“ за учениците за да се заклучи дали треба да се ограничи нејзиното користење. За безбедноста во училиштата ќе има интензивни состаноци со вклученост на педагози, психолози и родители, а од септември прирачници и протоколи со мерки, соопшти министерот за образование и наука Јетон Шаќири, пренесе МИА.

-Денеска ќе продолжиме со состаноци со  институциите кои треба да проценат кои се потенцијалните ризици од употребната на тик-ток мрежата, какви материјали содржи и начинот како ја употребуваат учениците во основно и средно образование, рече Шаќири во изјава за медиумите по отворањето на конференцијата за италијански јазик во Ректоратот на УКИМ.

Како што рече, институциите за безбедност треба да проценат колку е лош материјалот на „Тик-ток“,  со оглед и на неколку видеа од ученици за кои постапува МВР. Посочи дека тука ќе се вклучат Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за електронски комуникации, како и други институции од ИКТ-секторот за да се разгледаат начините на употреба на оваа апликација.

-Ако можеме од институциите за информатика да имаме конкретни ограничувања во начинот на отворање, внесување податоци, ќе ги разгледаме сите можности, рече Шаќири, додавајќи дека за  препораки во однос на овие содржини се размислува и во други земји.

Нагласи дека треба и сите институции да се координираат и да разменуваат информации – министерствата за образование и наука и за  труд и социјална политика, секторите за образование по општини.

-Ќе се разгледува и како стоиме со кадарот – психолози, педагози. Некаде има по двајца, но бројот на ученици е различен по училишта. Ќе имаме анализа за тоа што може да придонесе севкупниот број на стручниот кадар во училиштата – основни или средни, и тие заедно да соработуваат во препораките. Според информации што ги добивам, некои од училиштата почнаа со редовни состаноци, итни состаноци, состаноци со родители. Покрај со класните наставници, ќе почнат и со психолози и педагози, кои досега постапуваа само за одредени случаи, рече Шаќири.

Додаде дека ова се првични мерки, а од новата учебна година ќе има и конкретен протокол.

-Очекувам од септември да имаме повеќе протоколи, повеќе прирачници, ќе ја разгледаме воспитната програма, работата на центрите за социјална работа итн. додаде министерот за образование и наука.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ