Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска присуствува на Самитот за трансформација на образованието во САД. Самитот има за цел да мобилизира глобална политичка акција, барање решенија и покажување солидарност во пост – пандемискиот период, но и подобрување на квалитетот на образованието, информираат од Министерството за образование и наука (МОН).
Самитот е отворен со дискусија на тема глобално движење кон трансформација на образованието, при што била истакната важноста на солидарноста, како и важноста на фокусирањето кон гласот на младите.
Истовремено, се одржала и дебата посветена на меѓугенерациските дијалози, во која учествуваа млади луѓе и политички лидери, а со цел овозможување партиципативни дијалози за трансформирање на образованието, стои во соопштението.
Фокусот на вториот ден од Самитот, е како да се обезбеди дигитална иднина за секое дете и неопходноста од глобално обединување и примена на правичен пристап за дигитална трансформација.
-Низ повеќе сесии беа остварени директни разговори за акциите што треба да се преземат за да можат образовните системи да се трансформираат и да се обезбеди унапредување на развојот преку образование за секого, посочија од МОН.
Исто така, се нагласува важноста на искористувањето на дигиталните решенија во обезбедувањето на квалитетно образование за секое дете, како начин за континуиран пристап до образование на децата, младите и наставниците.
-Младите се мотор на иднината на една држава, затоа справувањето со предизвиците во 21 век и стекнувањето нови знаења за унапредување на образовниот процес се секогаш приоритет на Владата и Министерството, синформираат од МОН.