• Latest

Шаќири: Во тек е постапката за учебниците по новите наставни програми

August 10, 2022
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: Во тек е постапката за учебниците по новите наставни програми

August 10, 2022 21:10
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири вели дека во тек е постапка за избор на економски оператор за печатење и дистрибуција на учебниците по предметите во основно образование за кои Бирото за развој на образованието подготви нови наставни програми. Се надева дека тие ќе бидат доставени до училиштата навреме, но, додава доколку се случи да има доцнење Министерството за образование и наука (МОН) има обезбедено печатени соодветни материјали додека учениците ги добијат учебниците, пренесува МИА.

Тој појасни дека согласно Концепцијата која МОН ја усвои минатата година, новите наставни програми се воведуваат етапно – лани за прво и четврто одделение, а оваа учебна година по нови наставни програми ќе учат учениците од второ и петто одделение.

-Од 1 септември ќе има учебници во трето, шесто, седмо, осмо и деветто одделение кои се по стара концепција и мислам дека тие ќе бидат навремено доставени до училиштата. За новата концепција сме во фаза на одобрување и на економски оператор и на некои учебници, но имаме уште 20 дена рок и очекувам и овие да бидат позитивно завршени до почетокот на новата учебна година, рече во гостување во вестите на Сител, министерот Шаќири.

Согласно Концепцијата за основно образование, освен во печатен, учебниците од четврто и погорните одделенија ќе бидат достапни и во дигитален формат на порталот e-ucebnici.mon.gov.mk.

Во врска со информациите дека учениците се уште не добиле сведителства, министерот Шаќири истакна дека нивното обезбедување не е обрска на МОН, туку на Бирото за образование. Сепак вели, според информациите што ги има целата постапка за набавка на сведителства е завршена и оти учениците веќе почнуваат да ги добиваат.

-Сведителствата не се проблем за Министерството. Повикот за печатење на сведителства и како постапка е во Бирото за развој на образование. Тие во постапката да одберат оператор имаа процес на жалби. Веднаш после информацијата дека децата немаат сведителства јас побарав, веднаш на тие деца кои се запишуваат во средно образование веднаш да им се обезбедат сведителствата, но, исто така знам дека тој проблем е решен во Бирото за развој на образование, и можеби во моментов има доставување на свидителства до основните и средните училишта, рече министерот Шаќири.

На прашање за дигитализацијата на образовниот процес тој вели дека како министер се залага и е за да има и печатени учебници, но, нагласува тој процес мора да продолжи. Во врска со тоа колку Владата и Министерството се подготени да обезбедат дигитални уреди за децата, Шаќири посочува дека преку проект со Светска банка се врши проектирање во сите основни училишта во делот на актуелната инфраструктура што се однесува за дигитализација и поврзување во неколку мрежи.

-По добивање на тие проектирања за сите основни училишта ние ќе дознаеме за можностите за имплементирање во инфраструктурата. Освен што работиме во процесот на дигитализација, ние ќе треба да работите и во процесот на дигитализација на инфраструктурата внатре во основните училишта. И ова заедно ќе можеме да го спроведуваме со локалната самоуправа и централната власт. Иако имаме таблет уреди доставени до учениците, до училиштата, една од забелешките беа дека многу училишта и од нашите анализи не се поврзани во мрежа како што треба да бидат достапни, рече министерот Шаќири. 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ