• Latest
Шалтер сала ПТТ - извор Македонска Архитектура / marh.mk

Шалтер сала-културен центар

December 20, 2020

На Мерко му е изречена казна од 10.000 евра за несовесно работење

June 20, 2025

Рокас порача дека ЕП е независна институција во ЕУ со свои правила и затоа не може да коментира за извештајот на Вајц

June 20, 2025
Фото: ДСНС на Одеса

Украинска амбасада: Колку побргу болните умови во Кремљ ја изгубат способноста да ја финансираат војната, толку повеќе животи ќе спасиме во Украина

June 20, 2025
РЕАКЦИИ МИЈАЛКОВ

РЕАКЦИИ: Платно на очите за правдата, сметка за народот

June 20, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ирански хакери повторно се активираа во Албанија, хакирана страницата општина Тирана; Бериша најави масовни протести; Косовските граѓани сакаат политички консензус

June 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

„Фамозните“ 2 недели кои толку често ги поставува Трамп како ултиматум, не даваат резултати

June 20, 2025
Депортација на кримските Татари, 1944 (фото извор Ukrainian Institute of America)

Холандскиот парламент ја призна советската депортација на Кримските Татари во 1944 година како геноцид

June 20, 2025

Натанјаху за личната „цена“ во војната со Иран: Поради ракетните закани син ми два пати ја одложи свадбата

June 20, 2025
Фото: Скринчот од видео на news.com.au

Поделената опозиција во Иран го чувствува својот момент, но не се подготвени да започнат масовни протести

June 20, 2025
Фото: Архива

Уште еден смртен случај: Возач со „голф“ прегази жена во Охрид додека шетала на тротоар

June 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шалтер сала-културен центар

December 20, 2020 10:57
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Шалтер сала ПТТ - извор Македонска Архитектура / marh.mk

Шалтер сала ПТТ - извор Македонска Архитектура / marh.mk

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: архитект ДАНИЦА ПАВЛОВСКА ЦИГИ

Во ова време на посакувани реални промени во функционирањето на ориентации кон профит на мали групи поединци со  запоставување на јавните интереси и јавните добра, треба да се делува, да се пишува, да се зборува…Особено е важен третманот на нефункционалните (напуштените) јавни објекти кои се урбано и културно наследство, а за кои разумот побарува решение. Oдговорен цивилизациски однос кон создадените вредности мора да се гради и негува. Може со реконструкција или ревитализација или реставрација или со пренамена на нефункционални објекти мудро да оствариме нови урбани квалитети.

Постојат многу светски практики и успешни тематски проекти за реанимација на девастирани простори токму со јавни намени најчесто со културолошки содржини. Логично и природно е да отпочне и кај нас еден поширок системски зафат за нивно осмислување и ставање во функција. При тоа, секако, да се користи принципот на циркуларна економија како затворен систем на искористување, односно реискористување на ресурсите со кои се располага. Процесот по својата суштина му припаѓа на одржливиот развој со нагласени културолошки, социолошки и еколошки димензии и со соодветен современ пристап би трeбало да ги анимира сите што се на фронтот за поквалитетна иднина на нашата заедница. Пренамената како принцип не е некоја голема иновација,  но е модел преку кој се обезбедува одржливоста на урбаните средини и се подобрува квалитетот на урбаното живеење. Особено е важна граѓанската инклузивност во одлучувањето и остварувањето на било кое предложено ревитализирање, реактивирање, реанимирање на “мртви“ простори во било кој урбан контекст.

Впрочем, со својата Иницијатива на оваа тема Асоцијацијата на архитекти на Македонија го означи влогот на стручната јавност со сето свое знаење, капацитети и умешност. Топло ја поздравувам и сесрдно подржувам, но се очекува да подржат една таква тематска акција сите одговорни институции за градење на јавни политики, општествено одговорните субјекти и граѓаните во целина за да се добие соодветен колективен исказ на поддршка. Поднесената Иницијатива на ААМ е поткрепена со листа на објекти и места погодни за интервенции ревитализација со пренамена а за некои од нив дури постојат сериозни размисли и конструктивни предлози за нови функции. Актуелизирана и приоритетна на таа листа е секако, Шалтер салата на Централната Пошта во Скопје – објект прогласен за загрозен пример на бруталистичка архитектура. Во тек е постапката за одредување на посебен третман на овој објект, а неговата валоризација и значење се потврдени. Но, особено е важно во ова деликатно време на ослабена економија да се препознае можноста за партнерства со приватниот сектор во реализација на овие определби, ориентации и политики на повторна употреба на урбани простори.

Со мобилизација на повеќе заинтересирани субјекти ќе ја провериме моќта да ја додадеме новата смисла на автентичноста на Шалтер салата како оживеано културно наследство. Во моментов го правиме првиот чекор на физичката реставрација на оваа вредна архитектонска творба, но мора да се размислува за внесување на вистинскиот живот на објектот, негова развојна компонента и негово “пулсирање“ во културното живеење на Градот како иден Европски град на културата. Радоста на архитектите ќе биде комплетна само ако заедно со граѓаните оствари нова урбана вредност. Во овој случај не смее да се дозволи некое “евтино“ брзо решение туку да се покрене широка дебата за соодветно зачувување на овој идентитетски елемент на градот како негов жив дел, на пример во тој флексибилен простор да се инсталира и да пулсира  еден нов културен центар. Потребни ни се вакви проекти како “лек“, како надеж, како новина…

Евтино.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Принтскрин од емисијата „Бизнис 21“ на ТВ21

    Славески: Мизерно е да ме прашувате за мојата плата од 3.000 евра, никој не ме прашува за гладувањето во САД додека студирав

    512 shares
    Share 205 Tweet 128
  • Вучиќ не ја потпишал декларацијата од самитот во Украина за да не ја „предаде Русија“, понуди помош за реконструкција што предизвика потсмев во Србија

    227 shares
    Share 91 Tweet 57
  • Кога премиерот те тужи, тоа не е лична пресметка, туку политички притисок!

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Хил: САД повеќе нема да интервенираат како досега, Косово и Србија треба сами да ги решат своите проблеми

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Лаги

    91 shares
    Share 36 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ