• Latest
Војо Маневски

Шефови, не е фер!

September 23, 2023

Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

May 17, 2026
Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

May 17, 2026
Константин Егерт (лево) и Игор Јаковенко (фото извор: Јутуб снимка - скриншот)

Игор Јаковенко, руски социолог, новинар и поранешен пратеник: Путинизмот е руска верзија на фашизмот, победата на Украина ќе го забрза распадот на империјата

May 17, 2026

Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

May 16, 2026

Секоја чест, градоначалниче

May 16, 2026

Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

May 16, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

May 16, 2026

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Изборната катаклизма на Орбан и лекциите за отпорноста на авторитаризмот и олигархијата

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Време за будност – авторитарните структури брзо се адаптираат

    Изоставени од „точката од која нема враќање“: ЦИВИЛ бара одговори од Северна Македонија, Албанија и Бугарија за „апстиненцијата“ од потпишувањето на одлуката за Трибуналот за руското злосторство агресија

    Секоја чест, градоначалниче

    Contradictio in adjecto – албанска (де)албанизацијата

    Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    И на пазарот има мода

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Шефови, не е фер!

Животот не е фер, зашто лидерите го прават таков

September 23, 2023 18:37
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Досега ја дефиниравме нашава татаковина со низа описи и дефиниции и ја крстевме со разни имиња. Те недовршена држава, те провизориум, ама никако да ѝ ја дадеме вистинската дефиниција. „Држава што зависи од лидери“ би било точниот опис и во склад со нашата постојана потрага по идентитетот. Ете мал придонес кон идентитетот на татковината ни наднационална. Можеби на пелазгиски токму и тоа значи Македонија.

Па добро, бе, лидери на партии. Како не ви е срам, па дури и жал за своите членови и поддржувачи. Како некогаш не се замислите какви емоционални и други ломови им правете во животот со вашите игри и игрички. Како некогаш не се запрашате – зошто ова им го правиме на „чесните“ активисти, та често ги завиваме во недоумици и во жал?

Вие, заиграни во вашите големи политички игри, заборавате дека и членовите имаат душа и емоции. Добро, знам дека никогаш не сте биле обични членови на партиите, туку од некој друг сте ставени и поставени на лидерските места, ама имате толку „наши“ околу вас што треба да ви ја опишат душата на обичниот член. Или и тие станале бездушни од висините на високата политика.

Е па, лидери на партии, вака стојат работите. Додека вие се карате или сте дел од некаква игра која нам не ни е докрај јасна, ние се печеме во пеколни дилеми. За кого да се определиме? Едниот ни бил икона пред која сме се крстеле или клањале, другиот во песни го воспеавме, а третиот, е-е-е, третиот носи надеж дека инвестицијата во првите двајца конечно ќе се исплати.

Редно е ние да видиме бел ден од партијата наша. Што милите вие, дека е лесно да се биде постојано под притисок од околината да се изјасниш – за кого си. Едно мислиш, друго треба да кажеш, а притоа си пресметуваш – за кого вистински е соговорникот и кому сѐ ќе пренесе. Вие мислите дека некој белосветски писател на шпионски романи имал голем талент за своите дела?  Неее, тој треба да види како е тешко на терен да се снајдеш во нашите партии и лидерски игри и игрички.

Што мислите вие лидери, дека е лесно на локално ниво да се стигне до екипата на локалниот ваш претставник? Танталови маки се тоа господа. Прво ги фаќаш семејните линии или барем некој соседски близини. После, низ некакви најлокални комитети се обидуваш да бидеш во првата линија. Е-е-е, колку умешност треба за да се најдеш на видикот на локалниот шеф. Па попат мораш да климаш глава и на од „горе“ пренесените наредби и да ги исполнуваш. Добро, не е сѐ мака и работа, има и задоволство. Посебно кога во потесната или поширока околина ги толкуваш партиските насоки и веќе извршените задачи. Поминуваш низ разни трибини, состаноци, митинзи. Растеш како врба во пролет и доаѓаш до некаков општински партиски орган. Во дневната соба веќе имаш слика од лидерот и тоа во неколку форми. Задолжително е слика со средна големина (помала од сликата на лидерот) на која е големиот лидер и ти со разжлембена фаца и цврст стисок на раката на „шефот“. Таман некако дојдеш до некоја кадровска комисија за да се сместиш некаде во администрација и да залебиш неколку твои најблиски, почнува партиската лидерска борба. Таман си мислиш дека дојде и твојот ред, они започнуваат битка преку твојот партиски грб. Се расцепува твојата партиска личност во дилема како и предците. Аман веќе со таквите определби. Мислам дека сто години само кутрите партиски членови се ставаат на таква дилема. Ти за Тодор, за Мишев ли си, За Солун или за Срем ли си, За Тито или за Сталин ли си, За Лазо или за Крсте ли си, За Љубчо или за Никола ли си? Не се секирајте сите партии се немислосрдни кон своите членови. Не беше многу далеку кога падна дилемата За Киро или за Васил ли си, за Бранко или Гошев ли си, за Бучко или Бранко и дотеравме до Заев или Димитар.

Е, па кажете која партиска душа може да го издржи ваквиот терор.  Психички и социјален и историски и секаков. Знаете ли на какви дилеми се става мислата на обичниот член? Ништо вие не знаете за ваквите погубни политики. А бе, излезеш од дома и соседот разбрал дека си се определил за „другата страна“. Место добро утро, те пречекува студен климоглав и ѕид од намуртеност. Луѓето добро ја сфатија суштината на претприемаштвото. Тие вложиле емоции да ти се приближат да те фалат и салата и ракија да ти нудат, да те канат на ручеци. Сѐ тоа е инвестиција во иднината. Таман се понадевале дека ќе им вработиш некои дете или барем ќе подбутнеш таму каде застанало, ти, оп, па ќе избереш погрешна страна и погрешен лидер.

Да фати човек да те расчеречи. Па само извештачените насмевки чинат многу, а не пак и другите „даванија“. Ти има да бираш страна за сите, а не како што ти чувствуваш или не дај боже размислуваш. Немој да си се фалел со некакви принципи, доследности или ставови. Дечко, не си сам на овој свет, има и други. Размисли убаво. Мајката, како „два света различита“ да сме.

Ете како вие лидери не го разбирате обичниот член кој макотрпно се бори низ партиските матни и надојдени води.

Слушам еден поранешен градоначалник изјавува како во партиите навлегла некоја струја на активисти од трет ешалон. Партиите ферментирале во некави скиселени деривати, вечни гребатори и желни за фотељи. Користољупци, го срушиле нивото на партиската активност и политиката воопшто.

Хе-хе г.  градоначалниче поранешен. Па што мислиш ти, дека тие вечно ќе останат втор или трет ешалон? Па, не се тие во партијата за да те подржуваат тебе во твоите политички еквилибристики. Да чекаат да ги изиграте сите дворски и тајкунски игри, па и тие да добијат нешто за својата активност. Си слушнал ли за Јакобинска револучија. На француските втори и трети нивоа им досадила политичката кавга на  оснивачите на републиката па ги зеле работите во свои раце. Добро, имало многу жртви и штета по државата ама така е кога ја стресеш крушата. Паѓаат и зрели и зелени круши.

Затоа, сега партискиот пат низ пеколот на обичните членови можеби и ќе биде полесен иако ќе биде тежок. За Мицко или за Никола, дилемата и определбата нема да е лесна. Само останува искуството од Јакобинците. Ако се стерсе крушата секакви круши ќе паѓаат, ама секогаш паѓаат сувите лисја.

Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ