Собранието пред да се распушти со 80 гласа „за“ го изгласа законот за одбрана и со овој закон преминуваме од индивидуална во колективна одбрана, односно влегуваме во чадорот на НАТО кој штити над 1 милјарда луѓе, рече министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, на денешната прес-конференција.
„Сите за еден еден за сите. Нападот врз една членка е напад врз сите, членството во НАТО е успех, гордост, безбедност и суверенитет на нашата држава, припадност во екслузивниот клуб на најбогатите. Успех е да се биде меѓу 30 земји членки на НАТО. Денеска пред седиштето на НАТО се прави место за јарболот на нашето знаме, остануваат денови кога нашето знаме ќе се развиори помеѓу останатите 29 членки“, рече Шекеринска.
Таа додаде дека разочарување вчера гледаше како опозицијата манипулираше со законот за одбрана и со последни сили со обиде да го саботира.
„Обидите на ВМРО ДПМНЕ да не се донесе законот за одбрана, беа обиди и за манипулација за изборите, дека наводно ќе се одолжат. Се покажа кој е за избори а кој манипулирал. Кој е за НАТО и ЕУ. На 12 април избори ќе има. Ќе победи вистината наспроти манипулацијата“, потенцираше Шекеринска.
Министерката за одбрана нагласи дека е апсолутна лага дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ не сакаа да гласаат за законот поради името Република Северна Македонија, затоа што една пратеничка сакаше физички да ја нападне пратеничката од независната група која им ја кажа вистината дека и пратеници на ВМРО ДПМНЕ гласаа за законот за служба на Република Северна Македонија. Таа додаде „кој започна мандат со насилство, со насилство сака и да го завршат мандатот“.
Шекеринска вели дека пратениците на ВМРО ДПМНЕ играа дволично, бидејќи кога требаше да се гласа за ратификација за НАТО, и пратениците на ВМРО ДПМНЕ гласаа оти знаеја дека и со нивните гласа и без нивните гласа повторно ќе беше ратификуван договорот. Но, сега кога законот зависеше и од гласовите на ВМРО ДПМНЕ тогаш дигнаа рачна и пробаа да добијат партиски поени, наспроти државните интереси.
Д. М.