• Latest

Шекеринска: Со законските измени ставаме крај на бизнис контролата врз партиите

July 27, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска: Со законските измени ставаме крај на бизнис контролата врз партиите

July 27, 2018 16:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ставање крај на влијанието на бизнисот врз функционирањето на политичките партии е целта што треба да се постигне со измените на Изборниот законик. Ова го истакна денеска министерката за одбрана Радмила Шекеринска  одговарајќи на новинарско прашање во врска со тоа зошто е прифатено нагло зголемување на буџетот на партиите, како и зошто од буџетот сега би требало да се покрие и изборното рекламирање. 

– Една од лекциите што ја научивме и за време на политичката криза е дека финансирањето на политичките партии од невидливи извори, кои честопати се криеја, доведува до зголемување на корупцијата во државата, рече Шекеринска.

Потсети дека минатата година група невладини организации го изработиле блупринтот за реформи и една од сугестиите била дека поголемиот дел од средствата за финансирање на политичките партии треба да дојдат од буџетот, со цел да се прекине, како што рече, таа нездрава врска меѓу бизнисот и политичките партии.

Во Законот, појасни Шекеринска, се предвидени две работи – зголемено финансирање од буџетот за кампањи и за политички партии, но и намалување на парите кои смеат да ги земаат од приватни донатори.

– Ние како Влада, како партии на власт, најмногу би требало да одбиваме вакви предлози. Партиите на власт немаат проблем со финансирањето, но не сакаме нездравите врски меѓу бизнисот и партиите да ни создаваат корупција, која со години ја гледаме на дело, рече Шекеринска.

Таа истакна дека нивниот предлог во врска со предизборната кампања најпрво бил сериозно кратење на трошоците, како и забрана за рекламирање во медиуми како што се телевизиите.

– Но сметавме дека тоа не е фер за медиумскиот сектор, бидејќи еден дел од медиумите се финансираат во тек на кампањите и тогаш може да обезбедат средства за нивно полесно функционирање. Се трудевме да најдеме решение кое нема да ја загрози државата, а кое ќе ги намали бизнис влијанијата кај политичките партии. Секоја политичка партија си носи одговорност за тоа како е финансирана, рече Шекеринска.

Министерката истакна дека со законските измени се менуваат и обврските на партиите. Тие на поинаков начин ќе мора да реферираат за трошоците, а како што рече, и државата која ги дава парите ќе сноси одговорност.

Во врска со тоа дека во однос на овие измени немало јавна расправа и дека нема заштитни механизми, што е забелешка на дел од невладините, Шекеринска рече дека еден дел од дебатата била водена заедно со дел од невладините. Таа додаде дека оваа промена на Изборниот законик и на Законот за финансисрање на политичките партии е прв дел чекорите планирани во таа насока. Потсети оти веќе е најавено дека Изборниот законик треба да претрпи генерална ревизија, да се зголемат инструментите за контрола врз политичките партии. (МИА)

Tags: буџетизборно рекламирањеРадмила Шекеринска
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ