Categories

НАТО Шекеринска за првпат на Северноатлантскиот совет

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска на 13 и 14 февруари во Брисел ќе учествува на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за одбрана, што е прво учество на министер од нашата земја на официјален состанок на Алијансата по потпишувањето на Протоколот за пристапување.

Шекеринска ќе оствари многу билатерални средби и тоа со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и со министрите за одбрана на Велика Британија, Канада, Грција, Бугарија, Белгија и Турција.

Со учеството на министерката Шекеринска на состанокот на Северноатлантскиот совет, Македонија станува активен дел од Алијансата, а по процесот на целосна ратификација на пристапниот протокол, кој веќе заврши во грчкиот и во словенечкиот парламент, и официјално ќе имаме право на глас на сите состаноци на НАТО.

А. П. 

Print Friendly, PDF & Email