• Latest

Шекеринска за случајот „Рекет“: Покажавме дека никој не е заштитен дека не е света крава

August 7, 2019
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во лимбо – ЦИВИЛ предлага конкретни решенија со години

October 6, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гостување со релативизирање

October 6, 2026
Приштина, 5 октомври 2026 (фото: JO NË EMRIN TIM)

Косово во политичка криза: Судири со полицијата во Приштина, неизвесен изборот на претседател

October 6, 2026

(ВИДЕО) Мицкоски против Мицкоски: Од „не сум задоволен“ до „опозицијата и медиумите ја искривуваат вистината“

October 5, 2026
Христијан Мицкоски, 2 октомври 2026 (фото: ФБ / Х. Мицкоски)

Мицкоски уште на старт го постави дијалогот со Софија на стаклени нозе

October 5, 2026

Борба за власт и тест за демократијата – со кои ризици се соочува предизборна Србија

October 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Шекеринска за случајот „Рекет“: Покажавме дека никој не е заштитен дека не е света крава

August 7, 2019 12:35
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Случајот „Рекет“ покажа колку повеќе ништо не е исто, бидејќи пред три години граѓаните шепотеа за наводи за рекет и се плашеа гласно да зборуваат, а камоли да соопштат во јавноста, изјави денеска заменик-премиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, при посетата на велешката касарна за свеченото доделување договори за работа на 125 професионални војници.

– Сега покажавме дека кога ќе има таков навод институциите моментно реагираат. Никој не е заштитен и никој не ја попречува истрагата. Од сите изјави од претставници на сите институции, особено од претставници на Владата добивте иста порака: Законот мора да важи за сите. Никој никогаш нема да биде заштитен ако го прекршил законот. Затоа ја подржавме истрагата, затоа побаравме органите што тоа треба да го направат постојано да ја информираат јавноста и затоа повикуваме да не се сведе истрагата, односно дискусијата на инсинуации и дисквалификации. Сите ние сме отворени пред јавноста, порача Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за случајот „Рекет“ во врска со дел од написите во кои се спомнуваат имиња на функционери на СДСМ, меѓу кои некаде и нејзиното.

Таа додаде дека веќе добивала прашања од новинарите од различни медиуми и потенцира дека ниту како член на Владата, ниту како министер за одбрана, не фаворизирала некого, ниту потпишувала некои договори кои сега би излегувале во јавност.

– Никој од нас нема што да скрие, меѓутоа од друга страна инсинуациите поткрепени на „рекла казала“ навистина не се корисни. Инаку и јас би можела да излезам и да кажам дека пријателот на пријателот на еден ваш колега денеска е избеган во Будимпешта, дали тоа значи дека вашиот колега е виновен за неговото бегство? Никој паметен никој разумен тоа не би го кажал. Затоа органите треба да си го истражат своето, а ние покажавме дека никој не е света крава. Никој не е заштитен, никој не е под закрила на власта. Напротив се покажа и дека институциите можат да функционираат без политички притисок, потенцира Шекеринска.

На прашање дали очекува да биде повикана за да објасни за овој случај, појасни дека за нешто да се демантира треба да има некаков факт.

– Никаков факт не беше кажан. На инсинуациите не можете да одговорите со факти. Ние сите сме граѓани и како такви сме обврзани да сме на располагање на институциите. Јас не можам да ја вршам нивната работа, затоа не сакам да шпекулирам за нивната работа. Ама како човек кој нема од што да се плаши, ниту од што да се срами, можам да излезам и пред вас и да говорам отворено, појасни Шекеринска за овој случај.

Извор: MИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ