Блокадите продолжуваат и денес, според најавите. Во текот на вчерашниот ден, тие беа организирани во бројни градови. Повторно имаше апсења, почнувајќи од утрото. Граѓаните создадоа и „подвижна блокада“ на потегот Нови Београд – Земун. Земунчани ја прогласија Главната улица за пешачка зона во следните 24 часа, пишуваат српски медиуми.
Граѓаните во петокот организираа блокади во Паковрац, Бајина Башта, Врање, Смедерево, Крагуевац, Шабац, Зајечар, Крушевац, Панчево, Ваљево.